Трозабецоружје кое наликува на копје кое на врв има три големи метални запци, познат е од старогрчката митологија бидејќи го имал богот Посејдон односно Нептун кај Старите Римјани, но и други богови. Трозабецот е симбол на три најголеми острови на Атлантида.

Посејдон држи трозабец

Најпрво служел само за риболов. Во времето на Римското Царство трозабецот (-ridens) бил често оружје на гладијаторите (retiari) во арената.

Трозабец е втиснат на парите на некои антички градови.

Златен трозабец, кој води потекло од византиска хералдика, денес е мотив на грбот на Украина. Трозабец е прикажан и на знамето на Барбадос. Италијанскиот произведувач на автомобили „Мазерати“ го користи трозабецот како свој заштитен знак.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди