Трифтонг
Трифтонг (тригласник) е слог со три самогласки[1], каде творбеникот бргу и течно се префрла од еден вид на самогласка на друг, па завршува на трет.. Чистите самогласки, наречени монофтонзи имаат една целна положба на творникот, дифтонзите имаат два, а трифтонзите имаат три.
Примери
уредиНосителот како прв сегмент
уредиАнглиски (стандарден британски изговор):
- [aʊ̯ə̯] како во hour 'час' (според. со двосложниот збор plougher [aʊ̯.ə])
- [aɪ̯ə̯] како во fire 'оган' (според. со двосложниот збор higher [aɪ̯.ə])
- [ɔɪ̯ə̯] како во loir 'полв' (според. со завршната двосложна низа во employer [ɔɪ̯.ə])
Кога стојат пред пред //r//, [eɪ̯] и [əʊ̯] стануваат [ɛə̯] и [ɔː], па така, сите случаи на [eɪ̯.ə] и [əʊ̯.ə] се зборови со наставката „-er“.
Бернски дијалект на германскиот јазик:
- [iə̯u̯] како во Gieu 'момче'
- [yə̯u̯] како во Gfüeu 'чувство'
- [uə̯u̯] како во Schueu 'училиште'
- [yə̯i̯] како во Müej 'неволја'
- [ie̯a̯] како во tie [ˈtie̯a̯] 'тие'
- [uo̯a̯] како во ko [ˈkuo̯a̯] 'што'
Северна подгрупа на баварското наречје[2]:
- [ɔu̯ɐ̯] како во /hɔu̯ɐ̯/ (СГГ hâr) 'коса', или како во /ɔu̯ɐ̯/ (СГГ ôr) 'уво'
- [ɛi̯ə̯] како во /mɛi̯ə̯/ (СГГ mêr) 'уште'
- [ou̯ɐ̯] како во /ʃnou̯ɐ̯/ (СГГ snuor) 'јаже'
- [ei̯ə̯] како во /fei̯ə̯/ (СГГ vier) 'четири', или како во /ʃnei̯ə̯l/ (СГГ snüerelîn) 'јаженце'
Носителот како втор сегмент
уреди- [ɨ̯əɪ̯] како во tươi 'свеж'
- [ɨ̯əʊ̯] како во rượu 'алкохол'
- [i̯əʊ̯] како во tiêu 'бибер'
- [u̯əɪ̯] како во nuôi 'храни'
- [u̯ai̯] како во khoai 'компир'
- [u̯iɜ] како во khuya 'доцна ноќеска'
- [u̯iʊ̯] како во khuỵu 'ничкум'
- [u̯ɛʊ̯] како во ngoẹo 'се врти'
- [u̯ai̯] како во Paraguai 'Парагвај', iguais 'истоветни, слични' и quaisquer 'секои'
- [u̯ei̯ ~ u̯ɐi̯] како во enxaguei 'плакнев' и magoei 'повредив (емотивно)'
- [u̯ɐ̃u̯] како во saguão 'фоаје'
- [u̯ẽi̯ ~ u̯ɐ̃i̯] како во delinquem 'престапуваат' и enxaguem 'плакнат'
- [u̯] во aluvial 'наносен' ([i̯au̯], manual 'рачен' ([u̯au̯]) и Gabriel 'Габриел' ([i̯ɛu̯])
- [i̯] во aloés 'алоиња' (u̯ɛi̯) и águias 'орли' ([i̯ai̯)
- [i̯au̯] како во iau 'земам'
- [e̯au̯] како во rîdeau 'се смееја'
- [u̯ei̯] како во buey 'вол'
- [u̯ai̯] како во Uruguay 'Уругвај'
- [i̯ai̯] како во cambiáis ('менувате')
- [i̯ei̯] како во cambiéis ('за да менувате')
Носителот како трет сегмент
уредиРомански (полусамогласните фонеми се обележани со обратни извиени акценти):
- [e̯o̯a] како во pleoape 'клепки'
- [i̯o̯a] како во creioane 'моливи'
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „трифтонг“ — Лексикон на македонскиот јазик
- ↑ Gütter, Adolf (1971). Nordbairischer Sprachatlas. стр. maps 8 mhd. â, 9 mhd. ô, 11 mhd. ê, 15 mhd. uo, 13 mhd. ie, 14 mhd. üe.