Тригве Ховелмо

норвешки економист и економетрист

Тригве Магнус Ховелмо (норвешки: Trygve Magnus Haavelmo; 13 декември 1911 во Шедсмо28 јули 1999 во Осло) — норвешки економист со главен истражувачки интерес на полињата на економетријата.

Тригве Ховелмо
Неокејнзијанска економија
Тригве Ховелмо
Роден13 декември 1911(1911-12-13)
Шедсмо, Норвешка
Починал26 јули 1999(1999-07-26) (возр. 87)
Осло, Норвешка
НационалностНорвежанец
УстановаОрхуски универзитет
Чикашки универзитет
Универзитет Осло
Полемакроекономија, економетрија
Алма матерУниверзитет Осло
Универзитетски колеџ Лондон
Влијанија одЏон Мејнард Кејнс
Рагнар Фриш
Јан Тинберген
Влијаел врзДејвид Хендри
Серен Јохансен
Џуди Перл
Придонесипристап за веројатност во економетријата
Урамнотежен буџетски мултипликатор
НаградиНобелова награда за економија (1989)
Информации на IDEAS/RePEc

Животопис

уреди

По посетувањето на Катедралното училиште во Осло,[1] добил диплома по економија од Универзитетот во Осло во 1930 година и на крајот се приклучил на економскиот институт со препорака од Рагнар Фриш. Ховелмо бил асистент на Фриш некое време, додека не бил назначен на одделот за пресметување во институтот. Во 1936 година, Ховелмо учел статистика на Универзитетскиот колеџ во Лондон, додека подоцна отпатувал за Берлин, Женева и Оксфорд на дополнителна надградба. Тригве станал предавач на Орхускиот универзитет во 1938 година на една година, а потоа добил академска стипендија за да патува во странство и студирал во САД. Во текот на Втората светска војна работел со Нортрашип во статистичкиот оддел во Њујорк. Добил докторат во 1946 година за работата на пристапот за веројатност во економетријата.

Бил професор по економија и статистика на Универзитетот Осло во периодот 1948-1979 и бил главен на трговската катедра од 1947 до 1948 година. Ховелмо стекнал важна позиција во современата економија преку неговата логичка критика на низа вообичаени концепции во математичката анализа.

Во 1989 година, Ховелмо ја добил Нобеловата награда за економија „за неговото разјаснување на теоријата на веројатноста, основите на економетријата и неговите анализи на симултаните економски структури“.[2]

Ховелмо престојувал во Естерос.[3] Починал на 28 јули 1999 година во Осло.

Наследство

уреди

Џуди Перл напишал „Ховелмо бил првиот кој го препознал капацитетот на економските модели за водење политики“ и „покажал математичка постапка која прави произволен модел и носи квантитативни одговори на прашањата за политиката“. Според Перл, „трудот на Ховелмо, „Статистички импликации на системот на симултани идентитети“,[4] претставува стожер, не само во статистичките импликации на економетриските модели, туку и во нивните причински делови“.[5] Идејата на Ховелмо дека економски модел прикажува низа хипотетички експерименти и дека политиките можат да бидат симулирани преку изменувања равенства во модел станала основа на сите моментално користени формализми на причинска поврзаност. Првпат бил користен од Роберт Строц и Херман Волд (1960)[6] кој посочил „чистење“ на одбрани идентитети и потоа ги пресликал во графички модели.[7][8] Оваа операција подоцна довела до Перловиот „мора“ калкулус[9][10] и математичка теорија во економетриските модели.[11][12] Перл понатаму шпекулира дека причината зошто економистите општо не ги ценат овие револуционерни придонеси на Ховелмо е бидејќи самите економисти сè уште не постигнале согласност што претставува економскиот модел, како што може да се види од самите економски учебници.[13]

Наводи

уреди
  1. „Oslo Katedralskole - en skole med tradisjoner“. Om skolen (норвешки). Oslo katedralskole. Архивирано од изворникот на 2014-04-19. Посетено на 19 април 2014.
  2. Прокеш, Стивен (12 октомври 1989). „Норвежанец го освоил Нобелот за неговата работа во економијата“. The New York Times.
  3. „Sky Nobelpros-vinner stakk fra pressen“ (норвешки). Norwegian News Agency. 11 октомври 1989.
  4. Haavelmo, T. (1943). „The statistical implications of a system of simultaneous equations“. Econometrica. Reprinted in D.F. Hendry and M.S. Morgan (Eds.), The Foundations of Econometric Analysis, Cambridge University Press, New York, 440–453, 1995. 11: 1–43. doi:10.2307/1905714.
  5. Pearl, Judea. „Trygve Haavelmo and the Emergence of Causal Calculus“. Econometric Theory. Forthcoming. doi:10.1017/S0266466614000231.
  6. Strotz, R.H.; Wold, H.O.A. (1960). „Recursive versus nonrecursive systems: An attempt at synthesis“. Econometrica. 28: 417–427. doi:10.2307/1907731.
  7. Pearl, Judea (1993). „Comment: Graphical models, causality, and intervention“. Statistical Science. 8 (3): 266–269. doi:10.1214/ss/1177010894.
  8. Spirtes, P.; Glymour, C. N.; Scheines, R. (1993). Causation, prediction, and search. New York, NY: Springer-Verlag.
  9. Pearl, Judea (1994). Lopez de Mantaras, R.; Poole, D. (уред.). „A probabilistic calculus of actions“. Uncertainty in Artificial Intelligence 10. San Mateo, CA: Morgan Kaufmann: 454–462.
  10. Pearl, Judea (2000). Causality: Models, Reasoning, and Inference (2 (2009). изд.). New York, NY: Cambridge University Press.
  11. Balke, Alex; Pearl, Judea (1995). Besnard, P.; Hanks, S. (уред.). „Counterfactuals and policy analysis in structural models“. Uncertainty in Artificial Intelligence 11. San Francisco, CA: Morgan Kaufmann: 11–18.
  12. Pearl, Judea (2009). Causality: Models, Reasoning, and Inference. Chapter 7 (2. изд.). New York, NY: Cambridge University Press.
  13. Chen, Bryant; Pearl, Judea (2013). „Regression and Causation: A Critical Examination of Six Econometrics Textbooks“ (PDF). Real-World Economics Review. 65: 2–20.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: