Третиот човек (филм од 1949)

„Третиот човек“ (англиски: The Third Man) — британски филм од 1949 година, во режија на Керол Рид (Carol Reed), а според сценариото на Греам Грин (Graham Green). Главните улоги ги играат: Џозеф Котен, Орсон Велс, Алида Вали, Тревор Хауард, Бернард Ли, Зигфрид Броер итн. Во 1951 година, филмот добил една награда „Оскар“ (за најдобра кинематографија), а покрај тоа бил добитник и на наградата на БАФТА за најдобар британски филм (во 1950 година), како и на главната награда на Канскиот филмски фестивал (во 1949 година).[1]

Третиот човек (американски театарски плакат од 1949 година)

Содржина

уреди

Американскиот писател Холи Мартинс (го игра Котен) само што пристигнува во Виена, по покана на својот стар другар Хари Лајм (го игра Велс), но дознава дека тој умрел во сообраќајна несреќа. Холи разговара со најблиските пријатели на Хари, но нивната верзија за случката му делува сомнително и тој решава самиот да го истражи случајот. Истовремено, тој се запознава со девојката на Хари, Ана Шмит (ја игра Вали) и се заљубува во неа, но таа сè уште тагува по Хари. Додека Холи се обидуав да ја дознае вистината се случуваат необични настани: убиен е домарот во зградата, кој му ветува дека ќе му раскаже за несреќниот настан, а за убиството е обвинет Холи; двајца непознати мажи, испратени од пријателот на Хари, Романецот Попеску (го игра Броер), сакаат да го убијат Холи, но тој успева да побегне; најпосле, една ноќ, Холи го здогледува Хари на улица, итн. Подоцна, Холи и Хари имаат кратка средба во која Холи се уверува дека Хари е жив и се крие во руската зона на окупираната Виена. Холи го пријавува случајот во полицијата, а по извршената ексхумација се дознава дека во гробот на Хари всушност лежи друг криминалец. Исто така, во полицијата, Холи дознава дека Хари е организаторот на шверц на пеницилин и дека тој е виновен за смртта и за болеста на многу луѓе, вклучувајќи и деца. Тогаш, Холи се согласува да ѝ помогне на полицијата да го уапси Хари. За таа цел, тој му закажува средба, но тогаш се појавува Ана, која го предупредува Хари, а тој се крие во подземниот систем на отпадни води. По големата полициска потера, Хари е тешко ранет, а кога доаѓа од излезот, него го убива Холи. Во последната сцена, на закопот на Хари присуствуваат полицискиот мајор Каловеј (го игра Хауард), Ана и Холи.[2]

Наводи

уреди