Требенишка парохија

Требенишка парохија — парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија во Дебарско-кичевската епархија во Охридското архијерејско намесништво со седиште во црквата „Св. Никола“ во селото Требеништа.

Во составот на оваа парохија се селата Требеништа, Оровник, Горенци и Подмоље..[1] Оваа парохија повеќе години е во составот на парохиите при црквата „Успение ан Пресвета Богоордица" - Каменско од Охрид и црквите припаѓаат на Четвртата охридска парохија. (сост. 2017).

Цркви и манастири

уреди

Ова е список на црквите во парохијата. Можно е списoкот да не е целосен:

име место изградена слика
Црква „Св. Никола“ Требеништа 1942
(главна парохиска црква)
Црква „Св. Недела“ Требеништа 1995
Црква „Св. Петка“ Требеништа 2014
Црква „Св. Илија“ Оровник 1927  
Црква „Св. Петка“ Оровник 1995  
Црква „Св. Недела“ Оровник 1996  
Црква „Св. Троица“ Горенци 1923
Црква „Св. Никола“ Горенци 1990
Црква „Св. Атанасиј“ Горенци 1988
Црква „Св. Константин и Елена“ Подмоље 1934

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.