Трговски центар Глобал

Трговскиот центар Глобал — градски пазар кој се наоѓа во Струмица, Република Македонија. Објектот започнал да се гради на 18 јули 2006 година, а бил завршен во 2008 година. Трговскиот центар во чии рамки се наоѓа првата катна гаража со капацитет од 380 возила зафаќа површина од 3.400 квадратни метри, а вкупната корисна површина е 40.000 квадратни метри. Вкупната инвестиција на проектот чинела 14.000.000 евра.

Трговски центар Глобал
Трговскиот центар во 2011 г.
МестоСтрумица, Македонија
Координати41°26′22.5″N 22°38′21.3″E / 41.439583° СГШ; 22.639250° ИГД / 41.439583; 22.639250
АдресаБулевар Ленинова бб
Отворен на2008
АрхитектКомпанија „Де Лукс“
Паркинг380 места

На 17 јули 2008 година, Заев бил уапсен заедно со уште петмина соработници и бил осомничен за законски прекршувања при изградбата на трговскиот центар „Глобал“. Заев обвинил дека се работи за монтиран случај, политички прогон и обид за негов линч. Случајот бил затворен по аболиција од тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски.[1]

На 2 јануари 2021 година, во трговскиот центар избил пожар, во кој целосно изгореле десетина дуќани и дел од зелениот пазар[2].

Наводи

уреди
  1. „Сите детали за предметот „Глобал" за кој Антикорупциска го става на тапет премиерот Заев“. emagazin.mk. 9 мај 2019. Посетено на 31 август 2020.
  2. „Изгореа десетина дуќани во синоќешниот пожар во трговскиот центар „Глобал" во Струмица“. meta.mk. 3 јануари 2021. Посетено на 3 јануари 2021.