Трајанка Тодорова
Трајанка Тодорова (Велес, 1 септември 1946) — македонска писателка. Живее и твори во Велес.
Животопис
уредиТрајанка Тодорова е родена во 1946 година во с. Пеширово во близина на Свети Николе. Средно образование завршува во Гимназија „Кочо Рацин“ во Велес и студиите на Виша Педагошка школа во Скопје. Целиот свој работен век го поминува во АД „Жито Вардар“ во Велес. Со поетско творештво се занимава од првите школски години и продолжува во годините на нејзиното образование и сега како пензионер. Љубовта кон поезијата е нејзин постојан придружник.
Творештво
уредиЧлен е и еден од основачите на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во Велес. Нејзините песни се објавени во повеќе литературни списанија, зборници, алманаси а дел од нив се преведени на српски јазик. Учествува на голем број културни манифестации и литературни читања во Општина Велес и во други градови во Р Македонија. Застапена е и во книгата Убавите жениː Жената во современата македенска поезија од Васил Тоциновски.
Авторка е на следниве стихозбиркиː
- „Задоцнета пролет“ (2000)
- „Немир и неспокој“ (2002)
- „Прозорец во душата“ (2014).[1]
Наводи
уреди- ↑ Промовирана стихозбирка на Трајанка Тодорова „Прозорец во душата“. А1он. 24 јуни 2014.