Трансформери (филм)

Трансформери (англиски: Transformers) е американски филм од 2007 година, во режија на Мајкл Беј. Главните улоги ги толкуваат: Меган Фокс, Шаја Лабаф, Џон Војт и Џон Тортуро. Филмот бил постигнал голем комерцијален успех, а бил номиниран за наградата „Оскар“ во три категории.

СодржинаУреди

Во дамнешни времиња, на планетата Сајбертрон се води војна меѓу благородните Аутоботи, предводени од мудриот Оптимус Прајм, и злобните Десептикони, чиј командант е страшниот Мегатрон. Двете војски се борат за да го присвојат талисманот „олспарк“, кој му дава неограничена моќ на оној кој го поседува. Поради сплет на околности, борбата се преселува на Земјата, каде клучот на врвната моќ се наоѓа кај еден тинејџер.[1]

НаводиУреди

  1. „Епска битка меѓу доброто и злото“, Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 3.