Боздоган
(Пренасочено од Топуз)
Боздоган[1][2] или топуз[3][4] — рачно ударно и фрлачко ладно оружје[5].Се развил од окована палка, па може да се смета за подобрен стап. Боздоган може да биде направен од цврсто дрво (за дршка) со метално појачување, иако постојат и боздогани направени од метал чија глава е обложена со камен, бакар, бронза или челик.
Други имиња за боздоган се засновани на бројот на метални пера кои ги има. По бројот на пера се нарекува и троперец, шестоперец или шестопер, десетопер и друго. Овие имиња се чести во Српските епски народни песни. Војник наоружан со боздоган се нарекувал боздоганлија, а кој го носел боздоганот на старешината боздоганер.[6]
Наводи
уреди- ↑ „боздоган“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „боздоган“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „топуз“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „топуз“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Војна енциклопедија, Београд, 1973., књига десета, pp. 43.
- ↑ Војна енциклопедија, Београд, 1973., књига десета, pp. 44.
Надворешни врски
уреди„Боздоган“ на Ризницата ? |
- . Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company. 1913.
- Музеј Хант Архивирано на 4 мај 2006 г.
- Heraldica.org Архивирано на 26 септември 2011 г.