Пулпата на забот (pulpa dentis) е најминијатурниот орган во човековото тело. Сместен е во шуплината на забот (cavum dentis) и од секаде е обиколена со дентин, освен во пределот на отворот на врвот на коренот на забот (foramen apicis dentis) преку кој навлегуваат крвни садови и нервни влакна. Пулпата е ретко сврзливо ткиво.

Катник кај човек со прикажани делови, меѓу кои и пулпата.

Функции на пулпата

уреди

1.Дентиногена Функција - учествува во создавање на дентин. 2.Нутритивна или хранителна функција - се остварува преку нервните влакна и крвни садови. 3.Заштитна или одбранбена функција - пулпата реагира на механички, топлински, бактериски, хемиски и други фактори со болка.

Структурна организација на забната пулпа

уреди

1.Одонтобластен слој

уреди

Тоа е слој, составен од цилиндрични клетки (одонтобласти) кои се движат по површината на забната пулпа на границата со дентинот. Од одонтобластите излегуваат Томесови процесуси кои навлегуаат во дентинските каналчиња и учествуваат во неговата исхрана.

2.Субодонтобластен слој

уреди

Се состои од: 1.Ацелуларна зона - Веилова Зона и 2.Клеточна зона - Хохлова зона. Во Веиловата зона се наоѓа мрежа на нервни влакна - Решкова мрежа. Под Веиловата зона се наоѓа Хохловата клеточна зона во која се наоѓаат повеќе типови на клетки од кој најзастапени се фибробластите.

3. Централна зона

уреди

Тоа е дел од забната пулпа во кој се наоѓаат клетки, крвни садови, нервни влакна, лифмни садови, ретикуларни, колагени и еластични влакна кој се потопени во водена маса.

Во пулпата може да се сретнат и недиференцирани клетки кои понекогаш во зависност од потребите може да се диферецираат.