Тони Грачанин
Тони Грачанин ( 1964, Валандово - 19 јуни 2015, Лондон, Велика Британија) — познат македонски инструменталист на повеќе дувачки инструменти. Бил основач и фронтмен на музичката група „Валандовски свадбари", која полна афирмација доживела со аудио касетата „Ора за душата“, издадена од музичката и касетна продукција на МРТВ во 1994 година. Овој носач на звук бил помеѓу најтиражните и најслушани музички изданија од народната музика во Македонија.
Тони Грачанин | ||
Роден | 1964 Валандово, СР Македонија | |
---|---|---|
Починал | 19 јуни 2015 Лондон, Обединето Кралство | |
Занимање | музичар |
Животопис
уредиГрачанин е роден во Валандово во 1964 година и потекнува од музичко семејство, чиј татко бил трубач, а неговата помала сестра Јадранка Тушевска е позната македонски изведувач во народната музика. Бил основач и фронтмен на музичката група „Валандовски свадбари“. Тој бил автор на повеќе сопствени, а направил и автентични обработки на повеќе стари македонски ора од валандовскиот крај. „Валандовското зејтин оро", орото „Погана', „Кимово оро“, „Костадиново оро“ се само неколку роднокрајни и препознатливи обнародени музички дела без кои повеќе од 20 години не може да се замисли една македонска традиционална веселба или свадба. Како солист на кларинет, труба, саксофон и гајда музицирал во повеќе фестивалски оркестри, а учествуваше и во снимањето на многу песни со речиси сите позначајни македонски пејачки имиња од народната и новата авторска македонска песна. Бил долгогодишен солист на фестивалот „Филиграни', како и на „Валандово“. Добитник е на повеќе фестивалски награди.
Повеќе од една деценија живеел и работел во Лондон, каде музицирал со најголемите балкански музички звезди од македонската, српската, босанската и бугарската естрада, а како солист свирел на концерти во клубовите ширум Европа. Починал по кратко и тешко беледување во Лондон на 19 јуни 2015 година, но неговите посмртни останки се пренесени во родното Валандово.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Почина Тони Грачанин, македонски музичар, инструменталист на повеќе дувачки инструменти“. Архивирано од изворникот на 2015-06-23. Посетено на 2015-06-21.