Томислав Николиќ (партизан)
Томислав Арсо Николиќ ( 1918 Честелин, Бујановац, Србија ― 1943 во Островици, Скопска Црна Гора) — српски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Томислав Николиќ | ||
Роден | 1918 година Честелин, Бујановац, Србија | |
---|---|---|
Починал | мај, 1943 година Островици, Скопска Црна Гора |
Животопис
уредиПроизлегува од земјоделско семејство. Завршил основно училиште и се занимавал со земјоделство. Од средината на 1942 година, работел за Народноослободителното движење. Извршувал разни задачи покажувајќи упорност и верност кон ослободителното движење. Бил ангажиран во собирањето на храна, облека и други материјали потребни за партизанските одреди. Со група другари, во мај 1943 година заминал во Јужно-моравскиот партизански одред. Истиот месец со група партизани добил задача да се пробие во Скопска Црна Гора со цел да воспостави врска со тамошните партизански одреди. Извршувајќи ја оваа задача бил заробен од балистите и стрелан кај селото Островици. Бил закопан на местото каде што загинал.