Томас Вудкок (англ. Thomas Woodcock), КВР, ДАЛ, ЗП (р. 1951) е Грбовен крал Норој и Алстер и назначен за Главен грбовен крал на Подвеската[1] . Се школувал во Итон. Високото образование го стекнал на Универзитетскиот колеџ во Дарем и Дарвиновиот колеџ на Кембриџ. Потоа Вудкок бил повикан да работи како правник во судот Инер Темпл. Ја започнал хералдичката кариера во 1975 како помошник за истражување на Сер Ентони Вагнер, Главен грбовен крал на Подвеската. Во 1978 бил назначен за Персевант Руж Кроа, а во 1982 бил унапреден во Хералд Сомерсет. На оваа функција се задржал сè до неговото назначување за Хералдички грбовен Норој и Алстер во 1997 г. Потоа се стекнал со функцијата Поручник на Кралскиот Викторијански Ред (КВР) на Краличините Роденденски одликувања во 1996. Во декември 2005 Томас Вудкок бил именуван за Заменик-намесник на грофовијата Ланкашир. Во тоа својство тој е помошник на Лордот-намесник, Лордот Шатлворт, како претставник на Кралицата во таа грофовија. Подоцна Вудкок бил назачен и за Главен грбовен крал на Подвеската, функција на која треба да стапи во 2010 г.

Томас Вудкок како Грбовен крал Норој и Алстер

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Билтен на Колегијатот на грбови 21, јуни 2009

Надворешни врски

уреди
Хералдички функции
Претходник
Хјуберт Чешир
Персевант Руж Кроа
1978 – 1982
Наследник
Хенри Пастон-Бедингфелд
Претходник
Родни Денис
Хералд Сомерсет
1982 – 1997
Наследник
Дејвид Вајнс Вајт
Претходник
Хјуберт Чешир
Грбовен крал Норој и Алстер
1997 – 2010
Претходник
Питер Гвин-Џонс
Главен грбовен крал на Подвеската
2010 –
На должноста