Толензе (германски: Tollense) — река во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија во североисточна Германија, десна притока на реката Пене. Реката започнува како истек на Толензеското Езеро во Нојбранденбург. Толензе е долга 68 километри и се влева во Пене во Демин.

Толензе
Толензе
Место Мекленбург-Западна Померанија, Германија
Должина 68,0 км
Извор Толензеско Езеро
53°19′48″N 13°08′42″E / 53.3301° СГШ; 13.1450° ИГД / 53.3301; 13.1450
Висина на изворот 15 м над м.н.
Утока кај Демин во Пене
53°32′08″N 13°01′14″E / 53.5355° СГШ; 13.0205° ИГД / 53.5355; 13.0205
Висина на утоката 0,1 м над м.н.
Спуст 14,9 м
Слив Пене
Одлив Пене → Балтичко Море
Слив 1.829 км² [1]
Истек
со Клемпенов мерило[1]
Рекордно низок:     0,66dep1 (во mehrfach)
Просечен низок:    1,83 м³/с
Просечен среден:   6,29 м³/с
Просечен висок: 20 м³/с
Рекордно висок:   35,9 м³/с (во 1970)
Десни притоки Линде, Даце, Клајнер Ландграбен, Гросер Ландграбен
Леви притоки Албах, Голдбах, Ауграбен
Помали градови Нојбранденбург
Паланки Алтентрептов, Демин
Карта на Толензе

Пронајдоци од бронзеното доба

уреди

Северно од Алтентрептов, близу средновековен замок со словенско име Конеров, од 1990-тите се пронаоѓаат човечки остатоци од бронзеното доба во речното корито, со повеќекратни траги на насилство. Во должина од 300 метри на реката археолозите од Грајфсвалдскиот универзитет ископале остатоци на повеќе од 100 поединци. Уште не е откриен вкупниот број на тела и се претпоставува дека бројката е многу поголема и веројатно дел од нив ги однела реката. Во длабокиот тресет на реката човечките остатоци биле прилично добро зачувани.[2][3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Bestandsaufnahme 2004 nach Wasserrahmenrichtlinie in der Flussgebietseinheit Warnow / Peene Landesamt für Umwelt, Naturschutz und Geologie Mecklenburg-Vorpommern; Güstrow 2005; Seite 3-5; Auf: ikzm-d.de (pdf; 1,62 MB)
  2. Christoph Seidler: Bronzezeit-Gemetzel macht Archäologen ratlos. Spiegel Online. 23 септември 2009
  3. Neil Bowdler: Early Bronze Age battle site found on German river bank BBC 22 мај 2011