Тодор Трипуновски
Тодор Стевков Трипуновски ( 1921 Брњарци, Скопско ― 1944 во Берово) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. [1]
Тодор Трипуновски | ||
Роден | 1921 година Брњарци, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 1944 година Берово | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнува од сиромашно семејство. Основното училиште го завршил во селото, а подоцна се занимавал со земјоделство. Капитулацијата на фашистичка Бугарија го затекнала во редовите на бугарската окупаторска војска, во која бил регрутиран. Потоа, се префрлил во единиците на народноослободителната војска на Македонија, во чиј состав учествувал во завршните борби за ослободување на Македонија. Во една борба против германските единици, храбро загинал кај Берово. Бил закопан на борбената позиција.[1]