Тодор Георгиевски

Тодор Глигоров Георгиевски ( 1916 во Теарце, Тетовско1944 во Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Тодор Георгиевски
Роден 1916 година
Теарце, Тетово, Македонија
Починал 1944 година
Косово
Почивалиште Градските гробишта во Бутел

Животопис

уреди

Уште пред Втората светска војна се доселил во Скопје заедно со своето семејство. По завршувањето на основното училиште го изучил берберскиот занает. Во септември 1944 година стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Со бригадата храбро се борел против балистите и Германците на планината Китка, Водно, кај реката Треска, како и во борбите за ослободувањето на Скопје. Непосредно по ослободувањето на Скопје, учествувал во борбите против балистите во околината на Сарај па сè до Тетово. Бил учесник во конечното уништување и разоружување на балистичките остатоци во Косово. Во последните напорни акции, по една случајност загинал во несреќен случај. По ослободувањето, неговите посмртни останки биле пренесени и закопани на скопските гробишта.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 183. На |first= му недостасува |last= (help)