Тоа е само крајот на светот
Само крај на светот (француски: Juste la fin du monde) - француски филм од 2016 година, во режија на Ксавие Долан. Главните улоги ги играат: Гаспар Улиел, Натали Бае, Венсан Касел, Марион Котијар и Леа Сејду. Филмот бил номиниран за наградата „Златна палма“ на Канскиот фестивал, каде режисерот ги добил главната награда на жирито и наградата на екуменското жири.[1]
Содржина
уредиДрамскиот писател Луј (го игра) е смртно болен и затоа ги посетува своите најблиски, со кои не се видел 12 години. Во домот, сите се нервозни и се караат меѓу себе, а особено е непријателски настроен неговиот постар брат Антоан (го игра Касел). Единствено, жената на Антоан, Катарина (ја игра Котијар) делува мирно и пристојно се однесува кон него. Луј планира да им каже за својата болест, но Антоан набрзина го присилува да замине, лажејќи дека Луј има неодложен состанок. Мајката (ја игра Бае) и сестрата Сузан (ја игра Сејду) на Луј не веруваат и започнува остра кавга меѓу нив и Антоан, но Луј ја напушта куќата без да ја каже вистината.[2]