„Тито и јас“ (српски: Тито и ја) — филм на режисерот Горан Марковиќ од 1992 година. Главните улоги ги играат: Лазар Ристовски, Димитрије Војнов, Аница Добра, Мики Манојловиќ, Оливера Марковиќ, Раде Марковиќ, Богдан Диклиќ, Војислав Брајовиќ, Бранимир Брстина и Весна Тривалиќ.[1]

Содржина

уреди

Дејството на филмот се одвива во 1950-тите. Ученикот Зоран победува на училишниот конкурс за најдобар состав посветен на Јосип Броз Тито, а наградата претставува учество во маршот по родниот крај на Тито. Во својот труд, Зоран напишал дека го сака Тито повеќе од своите родители, поради што тие паѓаат во очај. Зоран, пак, не сфаќа што е чудно во неговата песничка за Тито. За него, излетот до Кумровец претставува големо искушение. Освен што не е навикнат на природата, пешачењето и самостојниот живот, него го прогонува и воспитувачот кој ја предводи групата. Дури откако ќе заскита во шумата, Зоран сфаќа што е семејството, а што љубовта кон Тито.

Наводи

уреди