Типик
Типик[1] (грчки: τυπικό) — збир на пропишани правила (зборник), кој го содржи начинот и редоследот на вршење на црковните богослужби.
- „Типик е целосен црковен устав според кој се раководи свештенството во конкретни богослужбени ситуации.[2]
Поделба
уредиТипикот е поделен на три дела:
- Општ дел - го одредува редоследот на богослужбите и светите дејствија на Велигден и обичните денови, на празници, работните и саботните денови. Општиот дел продолжува со упатства за молитвите и читањата, песните и свештеничките активности во текот на годината, а на крајот се изнесени правилата за животот и владеењето на монасите.
- Вториот дел - ги наведува упатствата за менување на песните и свештенодејствијата во сите денови по месец - месечно, потоа во Посниот и Цветниот триод.
- Третиот дел - ги наведува упатствата за променливите песни на неделниот и годишниот циклус, а тоа се тропари, кондаци, ипакои, ексапостилари, светилни, троични, прокимени и причесни. Типикот завршува со излагање на Пасхалија.
Во Православната црква најпознати се Ерусалимскиот и Студискиот типик.
Наводи
уредиЛитература
уреди- Трифуновић, Ђорђе (1990). Азбучник српских средњовековних књижевних појмова (2.. изд.). Београд: Нолит.CS1-одржување: ref=harv (link)