Тинкоф (пиварница)
Пивара „Тинкоф“ е руска пиварница која е основана во Санкт Петербург од локалниот стопанственик Олег Тинков во 1998 година.[1] За неколку години, таа станала една од најголемите руски пиварски компании.[2] Во 2005 година пиварницата била продадена на компанијата „ИнБев“.
Кратки детали
уредиПо отворањето на ресторанот како пиварница во американски стил во 1998 година во Санкт Петербург, компанијата Тинкоф се проширила и станала четврта по големина независна пиварница во Русија, отворајќи ја најмодерна пиварница од 2 милиони хектолитри во 2002 година во Пушкин во близина на Санкт Петербург. Истата компанија отворила уште неколку пиварници низ цела Русија. До 2005 година, компанијата имала десет пиварници и вршела извоз во Европа и Америка. Во јули 2005 година, компанијата ИнБев ја купила пиварницата Пушкин и името на брендот Тинкоф за 167 милиони евра. Олег Тинков го задржал ланецот ресторани (сместен во Санкт Петербург, Москва, Самара, Русија, Новосибирск, Нижни Новгород, Уфа, Екатеринбург, Сочи, Алмати и Казан) кои ги продал на „Минт капитал“ во 2009 година. Во мај 2010 година, „Минт капитал“ објавиле дека сакаат да ги продадат. Кон крајот на 2010 година, Минт Капитал објавиле дека го продале својот дел во Пиварницата Тинкоф, но цената не била објавена.
Пива
уредиГлавната марка била (Златен Тинкоф), лесен пијалок што личи на Корона.[3]
Достапност
уредиШишето Тинкоф повеќе не е достапно. Компанијата „ИнБев“ го затворила објектот во декември 2008 година и одлучила да не го пренесува производството на било кој друг објект.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Oliver, G.; Colicchio, T. (2011). The Oxford Companion to Beer. Oxford Companion To... Oxford University Press, USA. стр. 705. ISBN 978-0-19-536713-3. Посетено на September 23, 2017.
- ↑ Arvedlund, Erin E. (15 June 2004). „A Mix of Beer, Free Speech and Home-Grown Hip“. Посетено на 28 December 2018.
- ↑ Aris, Ben (17 September 2012). „Russia's "Beer Bank" does credit cards“. Financial Times. Посетено на 28 December 2018.