Тибетски јазици
Тибетските јазици се подгрупа на тибетско-бурманските јазици, кои се зборуваат воглавно од Тибетските народи, кои пак живеат во и околу Тибет. Јазиците се зборуваат во Тибет, Кина, Бутан, Непал и делови од Индија. Класичниот тибетски јазик е главен литургиски јазик, кој се користел за будистичката литература. Овие јазици воглавно се пишуваат со тибетско писмо.
{{{name}}} | |
---|---|
Географска распространетост: | Тибет, Кингај, Сечуан, Кашмир, Балтистан, Непал, Сиким, Бутан |
Класификација: | синотибетски
|
Гранки: | |
Историски тибетски покраини. |
Централнотибетските дијалекти од Ласа, Кам и Амдо се гледаат како дијалекти на еден тибетски јазик, особено поради фактот што сите тие имаат една стандардна форма. Ѕонгка, националниот јазик на Бутан, шерпскиот, сикимско-тибетскиот и ладакискиот се сметаат за засебни јазици.
Овие јазици ги зборуваат околу 8 милиони луѓе. Со проширувањето на Тибетскиот Будизам низ светот, тибетскиот јазик се проширил и во Западниот свет. Класичниот тибетски јазик не бил тонски јазик, но некои дијалекти од централнотибетските и камско-тибетските јазици се тонски јазик|тонски. Амдотибетскиот и ладакискиот не се тонални. Тибетската морфологија, општо гледано, може да се смета за аглутинативна, иако класичниот тибетски бил аналитички јазик.
Јазици
уредиНиколас Турнадре ја дал следната класификација на тибетските јазици:[1]
- централнотибетски јазик
- базата на стандардниот тибетски јазик и ги опфаќа некои непалски дијалекти
- камс-тибетски јазик
- амдотибетски јазик
- ѕонгка-лока
- ладаки-балти
- лахулиско-спитиски јазик
- кјиронг-кагатејски јазик
- шерпа-џирелски
Според Бредли, овие јазици се класифицирани како:[2]
- ладакиски јазик (нетонален)
- амдотибетски јазик (со тево-чоне) (нетонален)
- камс-тибетски јазик (тонален)
- "западноархаичен тибетски", заедно со балтиски јазик и пурички јазик
- централнотибетски (делумно тонални)
- лахули-спитиски јазик
- дијалектите од Ладак и Занскар, Лахул, Спити, Утараканд и Занда.
- централнотибетски јазик'
- севернотибетски
- јужнотибетски
- громански јазик, сикимско-тибетски јазик, шерпски јазик и џирелски јазик и некои јазици во Бутан:
ѕонгка, адапски јазик, брокатски јазик, брокпански јазик, чокангакански јазик, лакански јазик, лајански јазик, лунанакански јазик.
- громански јазик, сикимско-тибетски јазик, шерпски јазик и џирелски јазик и некои јазици во Бутан:
- лахули-спитиски јазик
Наводи
уреди- ↑ *N. Tournadre (2005) "L'aire linguistique tibétaine et ses divers dialectes." Lalies, 2005, n°25, p. 7–56 [1]
- ↑ „Bradley (1997)“. Архивирано од изворникот на 2006-10-01. Посетено на 2013-01-07.
Литература
уреди- Beyer, Stephan V. (1992). The Classical Tibetan Language. SUNY Press. ISBN 0-7914-1099-4.
- Denwood, Philip (1999). Tibetan. John Benjamins Publishing. ISBN 90-272-3803-0.
- Denwood, Philip (2007). Roland Bielmeie; Felix Haller (уред.). „Linguistics of the Himalayas and beyond“. Walter de Gruyter: 47–70. ISBN 3-11-019828-2. Наводот journal бара
|journal=
(help) - van Driem, George (2001). Languages of the Himalayas: An Ethnolinguistic Handbook of the Greater Himalayan Region containing an Introduction to the Symbiotic Theory of Language. Brill. ISBN 9004103902.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Тибетски дијалекти Архивирано на 26 февруари 2009 г.
- Јазици од Тибетската Висорамнина и Хималаите Архивирано на 11 јуни 2007 г.
- Преглед на старотибетската синхронирана фонологија
- Реконструкција на преиницијалите на пратибетскиот