Тибериј Клавдиј Балбил

Тибериј Клавдиј Балбил (Tiberius Claudius Balbillus[1], Τιβερίος Κλαύδιος Βαλβίλλος) познат и како „Мудриот Балбил[2], (20-79) бил египетски и грчки астролог и научник. Роден и израснат во Александрија, Египет. За време на владеењето на римскиот цар Калигула се преселил од Рим во Александрија, но се вратил во Римското Царство за време на владеењето на царот Клавдиј, со кого бил во пријателски односи уште од деца. Го придружувал Клавдиј на неговата експедиција на Британија како офицер во XX легија, а откако се вратиле, бил награден со круна на честа. Балбил бил еден од највисоките судии кои му служеле на Рим.

Тибериј Клавдиј Балбил

Бил висок свештеник во храмот во Хермес и управник на Александриската библиотека, па времето го минувал на пат меѓу Александрија и Рим. Го предвидел затемнувањето кое се случило на роденденот на царот, а останал како советник на Клавдиј, дури и откако царот издал указ со кој ги прогонува сите астролози од Рим. Го избегнал и лошиот крај за време на владеењето на Нерон, кој во 56 година го назначил Балбил за префект на Египет, каде останал до 59 година. Балбил се вратил во Рим за време на владеењето на царот Веспазијан[3]. После неговата смрт, Веспазијан, кој имал многу исоко мислење за него, му посветил спортски фестивал наречен Балбилски игри.

Балбил бил женет за Гркинка чие име не се знае, а имале само едно дете - ќерка по име Клаудија Капитолина.

Наводи

уреди
  1. Bunsen, Encyclopedia of the Roman Empire, p. 66
  2. Balbilus’ article at ancient library
  3. Holden, A History of Horoscopic Astrology, p. 29