Ладилник

(Пренасочено од Фрижидер)

Ладилник (фрижидер) е електричен уред што служи за ладење или замрзнување. Најширока примена има во домаќинствата каде се користи за чување храна на ниски температури.

Ладилник со прехранбени продукти

Опис

уреди

Ладилникот се состои од топлински изолиран простор и работен дел со чија помош топлината од неговата внатрешност се пренесува во надворешната средина (на пример, собата во која се наоѓа).

Работниот дел на ладилникот се состои од: топлинската пумпа која го подига притисокот на работното тело (обично гас, најчесто некој фреон, а порано амонијак), испарувач - фреон кој на снижен притисок ја прима топлината од производите во топлински изолираниот простор на ладилникот и испарува, вентил за придушување - во него се врши адиабатско придушување (притисокот опаѓа без размена на топлина), кондензатор - се наоѓа се од надворешната страна на топлински изолираниот простор, при што на зголемен притисок фреонот ја предава топлината на околината и се кондензира.

 
Задната страна на кујнски ладилник

Количеството топлина што од фреонот се одведува во кондензаторот е поголемо од она што се доведува во испарувачот. Тоа значи дека ладилникот повеќе ја загрева околината, отколку што ги лади производите во него. Кај овој процес се троши електрична енергија за механичката работа на компресорот кој го подига притисокот во работното тело.

Постојат неколку видови ладилници врз основа на начинот на кој се постигнува пониската температура во нив, но најраспространети се компресорски ладилници и апсорпциони ладилници.

Намена

уреди

Температурата во ладилникот се движи меѓу +3 и +5 степени Целзиусови, што значи дека е многу пониска од надворешната, собна температура. Освен за чување храна и пијалаци, ладилниците се користат и за чување лекови, хемикалии и слично. Пониската температура во нив ги забавува хемиските реакции и биолошките процеси што доведуваат до расипување на храната или до уништување на хемикалиите.

Освен тоа, постојат и посебни ладилници, односно замрзнувачи кои можат температурата во нивната внатрешност да ја симнат и до -20 степени Целзиусови. Тие обично се користат за чување храна на подолг временски период, односно од 3 - 12 месеци[1]

Обично ладилниците што се користат во домаќинството имаа посебна комора на горниот дел што се користи како замрзнувач, пред сè за чување лесно расиплива храна или за добивање мраз.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Колку долго може да издржи храната во фрижидер или замрзнувач?, www.hrana.com.mk“. Архивирано од изворникот на 2010-08-06. Посетено на 2011-03-25.