Гаус (единица)
Гаус (симб. G или Gs; кирилично: Г) — мерна единица со која се изразува магнетната индукција, наречена и густина на магнетниот тек. Единицата е дел од Гаусовиот мерен систем, кој ја наследил од постариот систем СГС-ЕМЕ (сантиметар-грам-секунда за електромагнетизам). Наречена е во 1936 г. во чест на германскиот математичар и физичар Карл Фридрих Гаус. Еден гаус е еднаков на еден максвел на квадратен сантиметар.
гаус | |
---|---|
Мерен систем | Гаусови и електромагнетни СГС-единици |
Единица за | густина на магнетен тек (магнетна индукција, магнетно поле или B-поле) |
Ознака | G или Gs |
Именувана по | Карл Фридрих Гаус |
Претворање на единици | |
1 гаус во ... | ... е еднакво на ... |
изведени СИ-единици | 10-4 тесли |
електромагнетни СГС-единици | 1/ccgs esu[б 1] |
Со замената на СГС со Меѓународниот систем на мерни единици (СИ-систем), гаусот е исфрлен од употреба од страна на стандардизациските органи, но сè уште редовно се користи во разни научни гранки. СИ-единицата за густината на магнетниот тек е теслата (симб. T),[1] што одговара на 10.000гауси.
Име, сибол и метрички претставки
уредиИако не е составен дел од СИ-системот, примената на гаусот ги следи правилата на тие единици. Како и другите единици наречени по личност, има кратенка со голема буква (G), но се пишува „гаус“ со мала, освен на почетокот на реченицата.[2]:147–148 Гаусот често се здружува со метрички претставки,[3]:128 како на пр. милигаус (mG или mGs).
Претворање на единици
уреди
Гаисот е единицата за густина на магнетниот тек B во системот на Гаусови единици и е еднаква на Mxcm2 or g/Bi/s2, додека пак ерстедот е единица за H-поле. Една тесла (T) соодветствува на 104 гауси, а еден ампер (A) на метар одговара на 4π × 10−3 ерстеди.
Единиците за магнетен тек Φ, кој е интегралот на магнетното B-поле врз дадена плоштина, се веберот (Wb) во СИ-системот и максвелот (Mx) in Гаусовиот СГС-систем. Факторот на претворање е 108, бидејќи текот е интегралот на полето врз дадена површина, а површината е квадрат од растојанието, па така 104 (факторот) помножен со 102 на квадрат (фактор на претворање на линеарно растојание, т.е., санитиметри по метар). 108 = 104 × (102)2.
Типични вредности
уреди- 10−9–10−8 G — магнетното поле на човечкиот мозок
- 10−6–10−3 G — магнетното поле на галактички молекуларни облаци. Типичните јачини на магнетното поле во меѓуѕвездената стредина на Млечниот Пат изенсуваат ∼5 μGs.
- 0,25–0,60 G — Земјиното магнетно поле на површината
- 25 G — Земјиното магнетно поле во јадрото[4]
- 50 G — типичен магнет за ладилник
- 100 G — железен магнет
- 1500 G — магнетното поле во една сончева дамка[5]
- 10000 - 13000 G — остаточна магнетизација на неодиумско-железно-бориумски магнет[6]
- 16000 - 22000 G — заситеност на високопробојните железни легури во трансформаторите[7]
- 3000–70000 G — медицински апарат за магнетна резонанција
- 1012–1013 G — површината на неутронска ѕвезда[8]
- 4 × 1013 G — квантниот електродинамички праг
- 1014 G — магнетното поле на магнетарот SGR J1745-2900 кој кружи околу супермасивната црна дупка Sgr A* во средиштето на Млечниот Пат.
- 1015 G — магнетното поле на некои новосоздадени магнетари[9]
- 1017 G — горната граница на магнетизмот на една неутронска ѕвезда[9]
Поврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ ccgs = 29,979,245,800 е бездимензионалната величина на брзината на светлината изразена во СГС-единици.
Наводи
уреди- ↑ NIST Special Publication 1038, Section 4.3.1
- ↑ International Bureau of Weights and Measures (20 мај 2019), SI Brochure: The International System of Units (SI) (PDF) (9. изд.), ISBN 978-92-822-2272-0
- ↑ Меѓународно биро за тегови и мерки (2006), Меѓународен систем на мерни единици (SI) (PDF) (VIII. изд.), ISBN 92-822-2213-6 (англиски)
- ↑ Buffett, Bruce A. (2010), "Tidal dissipation and the strength of the Earth’s internal magnetic field", Nature, том 468, стр. 952–954, doi:10.1038/nature09643
- ↑ Hoadley, Rick. „How strong are magnets?“. www.coolmagnetman.com. Посетено на 26 јануари 2017.
- ↑ Pyrhönen, Juha; Jokinen, Tapani; Hrabovcová, Valéria (2009). Design of Rotating Electrical Machines. John Wiley and Sons. стр. 232. ISBN 0-470-69516-1.
- ↑ Laughton, Michael A.; Warne, Douglas F., уред. (2003). „8“. Electrical Engineer's Reference Book (Sixteenth. изд.). Newnes. ISBN 0-7506-4637-3.
- ↑ „How strong are magnets?“. Experiments with magnets and our surroundings. Magcraft. Посетено на 14 декември 2007.
- ↑ 9,0 9,1 Duncan, Robert C. (март 2003). „Magnetars, Soft Gamma Repeaters and Very Strong Magnetic Fields“. University of Texas at Austin. Архивирано од изворникот на 11 јуни 2007. Посетено на 23 мај 2007.