Алдимир
Алдимир (бугарски: Алдимир) или Елтимир[note 1][1] (Елтимир) (fl. 1280–1305) бил бугарски благородник во 13ти–14ти век. Бил член на династијата Тертер и помлад брат на царот Георги Тертер I, Алдимир бил влијателен локален владетел како деспот на Крн. Алдимир се искачил на таа позиција за време на владеењето на неговиот брат Георги, но со доаѓањето на Смилец на власт бил изгонет во егзил. На почетокот на 14ти век, Алдимир се вратил во Бугарија како сојузник на тогашниот регент, вдовицата Смилцена. Тој не се спротивставил на искачувањето на престолот на неговиот внук Теодор Светослав, па дури и му помогнал во соборувањето на неговите претенденти. Меѓутоа, тој бил веднаш елиминиран од Теодор Светослав кога го предал за да здружи со Византијците.
Алдимир | |
---|---|
Деспот на Крн | |
Карта на воените кампањи на Теодор Светослав на која се прикажани и земјите на Алдимир | |
Починал(а) | 1305 или подоцна |
Благородно семејство | Тертер |
Сопружник(ци) | Марина Смилец |
Деца |
Белешки
уреди- ↑ Додека Алдимир се споменува во средновековните грчки извори само како Ἐλτιμηρῆς, Елтимирис, неговото првобитно име Алдимир е утврдено благодарение на епитафот на неговиот син Иван Драгушин.
Наводи
уреди- ↑ Андреев (1999), p. 149
Извори
уреди- Андреев, Йордан; Лазаров, Иван; Павлов, Пламен (1999). Кой кой е в средновековна България [Who is Who in Medieval Bulgaria] (бугарски). Петър Берон. ISBN 978-954-402-047-7.