Теодор Светослав
Теодор Светослав (бугарски: Тодор Светослав) владеел како цар на Бугарија во периодот од 1300 до 1322. Датумот на неговото раѓање е непознат. Тој ги зазел североисточните тврдини и ја проширил територијата на Бугарското царство.
Теодор Светослав | |
---|---|
Цар на Бугарија | |
На престол | 1300–1322 |
Претходник | Чака |
Наследник | Георги Тертер II |
Роден(а) | 1270ти |
Починал(а) | 1322 |
Сопружник | Ефросина Теодора Палеологина |
Деца | Георги Тертер II |
Династија | Тертер |
Татко | Георги Тертер I |
Мајка | Марија Тертер |
Освен со надворешните и економските успеси, Теодор Светослав се занимавал и со сепаратистите меѓу благородништвото, вклучувајќи го и неговиот вујко. Тој ги прогонувал сите за кои мислел дека се одговорни за мешањето на Монголите, па дури и патријархот Јоаким III, кој бил погубен.