Тереза Комодини Качија

(Пренасочено од Тереза Комодини Качиа)

Тереза Комодини Качиа (родена 23 февруари 1973 година) е малтешка адвокатка и политичарка, како и поранешен член на Европскиот парламент.[1]

Тереза Комодини Качиа
Пратеник
Член на Европскиот парламент
На должноста
1 јули 2014 – 23 јуни 2017
Лични податоци
Роден(а) 23 февруари 1973(1973-02-23)(51 г.) Атард, Малта
Националност Малтиска
Партија Националистичка партија
Сопружник Владимиро Комодини
Установа Малтиски универзитет
Професија Адвокат

Образование

уреди

Комодини Качиа студирала на Универзитетот во Малта, каде што одбранила две постдипломски тези. Докторирала по правни науки (LLD) во 1997 година, а подоцна докторирала и по право за човекови права во 2012 година.[2]

Професионална кариера

уреди

Тереза Комодини Качиа е адвокат по професија и работи во областа на човековите права. Таа застапува жртви чии човекови права им се прекршувани од 1997 година на повеќе нивоа, преку судски постапки во Врховните судови на Малта, како и во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Нејзини клиенти вклучуваат приватни лица, трговски субјекти, владини агенции, како и законодавно конституирани тела.[3]

За време на својата адвокатска кариера, таа била правен советник на неколку невладини организации во Малта, вклучувајќи го Здружението на извидници на Малта, Малтешката конфедерација на женски организации и Здружението за ментално здравје на Малта.

Од 2008-2010 година, таа ја советувала и консултирала Националната комисија за еднаквост (NCPE) за природата на европското право и директивите за еднаквост, помагала во истрагите за дискриминација и во разни други истражувачки проекти.

Комодини Качиа е предавач на Универзитетот во Малта, каде предава за човековите права. Таа, исто така, ги координира магистерските студии по човекови права и демократизација на универзитетот.[2] Таа претходно била и визитинг професор на Универзитетот во Утрехт во Холандија и на Европскиот универзитет Виадрина во Франкфурт на Одра, Германија.

Политичка кариера

уреди

Комодини Качиа е член на Partit Nazzjonalista (Националистичка партија) на Малта и активно учествува во партијата. Често се смета дека таа има значителен удел во успехот на пратеничката група која успешно ги промовирала позициите на партијата, вклучувајќи ги и нивните придонеси при донесувањето на амандманите на Уставот на Малта.[3] Таа за првпат се кандидирала за политичка функција на општите избори за Парламентот на Малта во март 2013 година.

Во 2013 година таа станала член на Комисијата за ревизија на Статутот и на партиските структури на Националистичката партија. Таа била назначена и за копретседател на Форумот на кандидати заедно со Ричард Мускат.[4]

Пред да биде избрана во Европскиот парламент, Комодини Качиа помогнала при застапувањето на Националистичката партија во уставниот случај против Изборната комисија на Малта во врска со пропустите во процесот на броење гласови на општите избори во 2013 година.[5] Кога била оспорена грешка при броењето на гласовите во судот, таа ја застапувала својата партија за време на долгиот и детален правен процес.

Во мај 2014 година Комодини Качиа била избрана за пратеник во Европскиот парламент. На европските избори во 2014 година во Малта, Националистичката партија освоила повеќе од 40% од националните гласови и освоила три од шесте места за Малта. Ова било првиот пат партијата да успее да освои три места во Европскиот парламент - третото место го освоила Комодини Качиа.[6] Како европратеничка, таа седела со Групата на Европската народна партија.

Таа била член на три комисии и делегации во Европскиот парламент. Комодини Качиа била член на Комитетот за правни прашања (ЈУРИ), делегацијата за односи со Палестинскиот законодавен совет и делегацијата на Парламентарното собрание на Унијата за Медитеранот. Во Комисијата за правни прашања, таа била известувач во Собранието за авторски права.[7] Покрај тоа, таа била заменски член на Поткомитетот за човекови права (ДРОИ), Комитетот за култура и образование (КУЛТ) и делегацијата за односи со Народна Република Кина.[1] Комодини Качиа, исто така, е копретседавач на работната група на ЕУ за дијабетес во рамки на Парламентот.[8]

По нејзиниот избор за европратеник, Комодини Качиа презела дополнителни лидерски улоги во нејзината земја. Во октомври 2014 година, тогашниот опозициски лидер Симон Бусутил го назначил за координатор на партискиот Форум за политика во Малта, а во јануари 2015 година партијата ја назначила за министерка во сенка во Министерството за образование и вработување.[9]

Во 2017 година, Комодини Качиа учествувала на општите избори и била избрана во осмата изборна единица со 4.244 гласови на 22-то пребројување. Првично, таа ја одбила освоената позиција,[10] но потоа ја променила својата одлука и најавила дека ќе поднесе оставка од европратеничката функција за да ја прими позицијата како пратеник.[11]

На 9 јули 2020 година Комодини Качиа била номинирана за шеф на Националистичката партија, откако актуелниот лидер, д-р Адријан Делија, изгубил при гласање за недоверба.

Публикации

уреди

Комодини Качиа ги презентирала своите истражувања и извештаи за теми поврзани со човековите права (фокусирајќи се на Малта) пред повеќе европски институции. Таа придонела кон разни публикации на Агенцијата за фундаментални права (FRA) на Европската Унија со дела за трговија со малолетници, расизам, ксенофобија, дискриминација, заштита на информации, ментално здравје, илегална имиграција и репатријација.[12] Комодини Качиа, исто така, презентирала извештаи за дискриминација на работното место врз основа на раса, верување или полова ориентација. Таа има објавено написи во списанието Human Rights Brief на Правниот колеџ во Вашингтон на Американскиот универзитет, а исто така и за Европската група за јавно право.[13]

Таа, исто така, придонела за Малта во Европскиот суд за човекови права 1987-2021 година, уредено од Марк А. Самут.

Награди

уреди

Во 2008 година, на Тереза Комодини Качиа ѝ била доделена годишната награда „Десет извонредни млади луѓе“ (TOYP) од страна на малтанската Junior Chamber International (JCI) во две различни категории - во категоријата Деца, светски мир и човекови права, како и во категоријата Политички, правни и други владини работи.[14]

Во март 2016 година, Комодини Качиа била прогласена за европратеник на годината од страна на The Parliament Magazine во областа на корпоративното управување.[15] Наградата ѝ била прва во Брисел, а магазинот наведел дека „Комодини Качиа е пофалена за ентузијазмот и страста што ги има за својата работа. Таа е посветена на зајакнувањето на вклученоста на малтешкото граѓанско општество во креирањето политики на ЕУ.“[16]

Во март 2017 година, Комодини Качиа била на 27-то место на листата на POLITICO на важни европратеници во 2017 година за нејзината работа поврзана со реформата на авторските права.[17]

Личен живот

уреди

Комодини Качиа е во брак со Владимиро. Тие живеат во Сигијеви и имаат ќерка по име Лаура.[18]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Therese Comodini Cachia“. www.europarl.europa.eu. Посетено на 12 July 2019.
  2. 2,0 2,1 „Dr Therese Comodini Cachia“. Посетено на 12 July 2019.
  3. 3,0 3,1 „Updated: Opposition presents Constitutional amendment against sexual orientation discrimination“. Times of Malta. 20 June 2016. Посетено на 12 July 2019.
  4. David Debono (25 June 2013). „Se jitwaqqaf forum tal-kandidati u eks deputati tal-PN“. Архивирано од изворникот на 2021-03-27. Посетено на 12 July 2019.
  5. Waylon Johnston (16 April 2013). 'AG should not be part of election court case'. Times of Malta. Посетено на 12 July 2019.
  6. „Comodini Cachia snatches third seat for the PN in historic vote for women“. Times of Malta. 28 May 2014. Посетено на 12 July 2019.
  7. Chris Spillane (22 November 2016). „Maltese presidency's digital ambitions slammed by local MEP“. Politico Europe. Посетено на 12 July 2019.
  8. „MEP Therese Comodini Cachia“ (PDF). IDF. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-04-15. Посетено на 12 July 2019.
  9. „MEPs chosen as shadow ministers say EP work will not be jeopardized“. The Malta Independent. 11 January 2015. Посетено на 12 July 2019.
  10. Matthew Vella (6 June 2017). „Comodini Cachia chooses Brussels… new MP to relinquish seat“. Malta Today. Посетено на 12 July 2019.
  11. Matthew Vella (8 June 2017). „[WATCH] Comodini Cachia flip-flops to resign as MEP and take up Maltese seat“. Malta Today. Посетено на 12 July 2019.
  12. „Legal Study on Homophobia and Discrimination on Grounds of Sexual Orientation and Gender Identity“ (PDF). Fundamental Rights Agency. Посетено на 12 July 2019.
  13. Leo F. Zwaak; Therese Cachia (2004). „The European Court of Human Rights: A Success Story?“. 13 (3). Washington College of Law. Наводот journal бара |journal= (help)
  14. „Therese Comodini Cachia“. www.theresecomodinicachia.com. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 12 July 2019.
  15. „Comodini Cachia, Metsola and Dalli honoured at prestigious MEP awards“. The Malta Independent. 16 March 2016. Посетено на 12 July 2019.
  16. „Winners | MEP Awards“ (PDF). www.mepawards.eu. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-04-13. Посетено на 12 July 2019.
  17. „Therese Comodini Cachia“. Politico. 9 March 2017. Посетено на 12 July 2019.
  18. „Therese Comodini Cachia“. WEF. 10 August 2017. Посетено на 12 July 2019.