Теранци (археолошко наоѓалиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Теранци

Карта

Местоположба 41°52′8″N 22°19′2″E / 41.86889° СГШ; 22.31722° ИГД / 41.86889; 22.31722
Основни податоци
Место Теранци
Општина Чешиново-Облешево
Тип

 осамен наод


Период римско време
Портал „Археологија“

Теранциархеолошко наоѓалиште во кочанското село Теранци. Претставува осамен наод од римско време. Наодот претставува вотивна релјефна плоча, донесена во првата половина на 1950-тите во Музејот во Штип, со претстава на Тракиски коњаник, од непознато наоѓалиште. Коњаникот со градниот дел е свртен en face, со подигната десна рака, и е наметнат со развиорена наметка. Коњот е во положба на галопирање, со подигнати предни нозе. Под нив има куче што го следи движењето на коњот, а пред нив стои адорантка во долга облека, со десната рака свиткана на градите. Плочата била со димензии: ширина 31 см, висина 26 см, дебелина 6 см.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 182. ISBN 9989649286.