Филмска теорија

(Пренасочено од Теоретичар на филмот)

Филмската теорија се обидува да развие прецизни систематски концепти што се аплицираат на изучувањата на филмот и киното како уметност. Класичната филмска теорија нуди структурна рамка за обраќање кон класичните предмети на техника, наратив, код, слика, жанр, субјективност, и авторство. Поновите анализи им даваат простор на психоаналитичката филмска теорија, структуралистичката филмска теорија, феминистичката филмска теорија, и теориите на документарците, новите медиуми, и третото кино. Поврзано филмска критика.

Историја

уреди

Класичната филмска теорија добива облик за време на немиот филм. Таа се појавува од делата на режисери како Сергеј Ејзенштајн, Лев Кулешов, Џига Вертов, Пол Рота и филмски критичари како Рудолф Арнхајм, Бела Балаз и Зигфрид Кракоер. Филмската теорија во овој период не е академска дисциплина.

Во 60-те, академиците почнуваат со обиди да осигураат академска респектабилност конструирајќи филмски теории т.е. воведувајќи концепти од етаблирани дициплини како психоанализа, литературни студии и лингвистика.

Во 1970-те, е многу влијателен бил британскиот часопис „Екран“ .

Специфични теории и стилови на филм

уреди