Тенкоопнен транзистор
TFT монитори (анг. Thin Film Transistor) спаѓаат во LCD монитори (анг. Liquid Crystal Display) видот на монитори. Не содржат катодна цевка, туку течни кристали измеѓу две стаклени плочи, два поларизациони филтри, филтри за боја и два слоја за порамнување. Зад овие слоеви се наоѓа позадинско осветлување кое обично е состои од повеќе флуоросцентни ламби. Со донесување на напонот на слој за порамнување се прави електрично поле кое ги порамнува течните кристали, што оневозможува светлоста да помине низ нив, додека со укинување на напонот се овозможува премин. Разликата помеѓу ЦРТ и ТФТ мониторите е голема, ЦРТ мониторите се кабасти, додека ТФТ се тенки и големи баш колку што треба. Потрошувачката на електрична енергија кај ЦРТ мониторите е околу 80 вати за 17 инчи додека кај TФT e едвај 20. ЦРТ емитуваат електрони низ катодната цевка, кои излегуваат и до 80цм надвор од екранот и ако човекот седи блиску тогаш тие го погодуваат. Тоа се чувствува при долготрајно седење пред мониторот на мало оддалечување (идеално е 50цм, но тогаш сме сѐ уште во зоната на зрачењето па е препорачливо да секој саат се прави пауза од 10-тина минути). Кај ТФТ монитори ова го нема, електроните не излегуваат на толкава оддалеченост, туку на неколку см од стаклото. Освежување на ЦРТ мониторите е во идеален случај 120 херци по секунда а поквалитетните монитори можат да понудат до 100, а поевтините имаат можност до 85 (1 херц е една слика во секунда која се исцртува на мониторот). Кај ТФТ мониторите освежување се врши само тогаш кога е тоа потребно (кога на сликата нешто се поместува). Брзината на современите ТФТ монитори е 2 мили секунди или 500 слики во секунда за пример земете монитор од 16 мс има нешто повеќе од 50 слика во секунди. Главниот недостаток на ТФТ мониторите е верноста во прикажувањето на сликата, зошто сликата е “попластична“ од онаа на ЦРТ, што може да им засмета на графичките дизајнери, но и тоа наскоро ќе се реши. Постои низа на недостатоци во секоја технологија, па така и во оваа, ТФТ технологијата не е совршена, така сликата не е иста при сите агли на гледање, зошто кристалите се во некој вид на мрежа, тие даваат идеална слика кога се гледа под агол од 90 степени во однос на екранот, во последно време се појавуваат монитори кои се декларирани на агол за видливост од 180 степени, добиваме впечаток дека се е совршено. Конструкцијата на самиот екран е таква, па сликата се деградира доколку се гледа од страна. Кај поевтините монитори тоа е многу видливо, а кај поскапите помалку, но пак постои деградација. Секако, ако мониторот се користи за еден корисник, тоа не е проблем, затоа што мониторот е лесен и многу лесно се подесува во положба која е идеална за корисникот, проблемот е кога повеќе луѓе гледаат на пример филм, тогаш оние одстрана имаат полоша слика отколку оние во центарот. Кај поскапите монитори тоа е помалку воочливо.
Постојат уште четири вида на ТФТ монитори. Првиот вид се дели на екран со однос 16:10 и 5:4, сега е во мода 16:10 зошто филмовите за ДВД и кино се прават во однос 16:9 а причината зошто е земен однос од 16:10 е тој, што е тоа компромис помеѓу монитор за уживање и работење, попознати се како вајд скрин монитори. Предност е тој, што не се покажуваат оние две црни линии на горниот и долниот дел од екранот, со самото тоа и подобро се искористува дадениот простор. 5:4 се монитори на кои сме навикнати. Овие монитори се поевтини за производство од 5:4, бидејќи се од една плоча стакло помалку се фрлаат како неквалитетни, т.е. повеќе стакла се искористуваат. Мана, помалата оддалеченост помеѓу горната и долната граница нас не наведува наместо 17 инчи да купиме 19, зошто таа дијагонала одговара на големина од 17 инчи на 5:4 мониторите, но добиваме на ширина. Овој однос се користи и при поновите генерации на лап-топ компјутери, а зошто лап-топот е поширок, се добива простор кој се користи за додавање на бројчена тастатура, што е уште еден плус. Втор вид е пивот модел, т.е. монитор кој се врти околу вертикална оска, погоден е за дизајнери, бидејќи со вртење на мониторот во вертикала, дизајнерот, напр. за весници, добива простор кој овозможува да ја види цела страна во а4 формат без додатно скролање, што е уште една предност на овие монитори. Секако, оваа функција исто така чини пари, но онај кој ја користи, нему му се исплати. Третиот вид на ТФТ монитори сè до вграден ТВ Тјунер, така што мониторот може да служи и како ТВ, тие монитори се обично поскапи од телевизори, но гледање на самото тоа заштедувате на тоа што наместо да купувате два уреди купувате еден, тоа е исто така предност, како за куќниот буџет така и за простор. Четвртиот вид се монитори со ДВИ влез или дигитален. Тие се монитори како и сите други, само што користат понапредна врска со компјутерот. Сликата преку ДВИ врска е поквалитетна, поостра и во секој поглед подобра. Кај поевтините модели понекогаш е сликата полоша во однос на врската преку ВГА врска, но тоа е чисто маркетиншки трик.