Температура на служење вино
(Пренасочено од Температура за служење вино)
Температурата на служење има големо влијание врз вкусот на едно вино. Служење ладно помага да се замаскираат маните на едно младо или неквалитетно вино, додека служењето на повисока температура помага при изразувањето на букетот и комплексноста, што е идеално за стари и скапи вина. Пониските температури исто така ја сузбиваат острината на алкохолот кај полесните вина. Еве таблица со идеалните температури за служење на разни типови вина.
°C | Тип на вино |
---|---|
19 | Армањак, Бренди, Коњак |
18 | Силни црвени вина, Истосезонско порто |
17 | Портокалово-кафено порто |
16 | Десертни вина |
15 | Средни црвени вина |
14 | Амонтиљадо шери |
13 | Лесни црвени вина |
12 | Силни бели вина |
11 | Средни бели вина |
10 | Розе, Лесни бели вина |
9 | Истосезонско пенливо |
8 | Фино шери |
7 | Обично пенливо вино |
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Статија за температурите на кои се служат вината Архивирано на 13 август 2006 г. (англиски)