Темновиолетова гулапка
Темновиолетова гулапка (науч. Russula atropurpurea) е јадлив член од родот Гулапка. Таа има боја на шапката, темно вино (црвено вино) или виолетово и расте во микориза со листопадни, или повремено иглолисни дрвја. Вообичаени народни имиња, cрна-виолетова гулапка, или виолетова кршливка.
Темновиолетова гулапка | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Габи |
Оддел: | Столпчести габи |
Класа: | Агарикомицети |
Ред: | Гулапковидни |
Семејство: | Гулапки |
Род: | Гулапка |
Вид: | Темновиолетова гулапка |
Научен назив | |
Russula atropurpurea (Krombh.) Britzelm. | |
Синоними | |
Russula krombholzii Shaffer |
Таксономија
уредиПрвично е опишана како Agaricus atropurpureus од германскиот природонаучник Јулиус фон Кромбхолц во 1845 година, а сместена во Гулапка од неговиот сонародник Макс Брицелмајр во 1893 година, биномното име на оваа печурка R.atropurpurea (Krombh.) Класификацијата на Брицелмајр е прифатена како неточна и миколозите не можат да се договорат за соодветна замена.[1]
Распространестост и живеалиште
уредиТемновиолетова гулапка расте на крајот на летото и почетокот на есента. Вообичаена е во северните умерени зони, Европа, Азија и Источна Северна Америка и е во микориза со дабот ( Quercus ),[2][3] со кој претпочита да живее. Претпочита кисела почва, повремено може да се сретне и со бука или бор.[1]
Опис
уредиШапката достигнува од е 4 - 10 см во пречник. Таа е темно црвеникаво виолетова, со темен; понекогаш речиси црн центар. Отпрвин е конвексенна, но подоцна се израмнува и често има плитка вдлабнатина. Може да има и посветла боја или шарено жолтеникава. Дршката е цврста, бела и станува сива со возраста. Тоа расте 3-6 см во должина и 1–2 см во дебелина. Тесно поставените и прилично широките жабри се прикачени речиси слободно со бледа крем боја, давајќи отпечаток на спорите со иста боја. Месото е бело; со овошен мирис, сличен на јаболко. Вкусот е умерено лут.[1]
Видот Р. brunneviolacea и Р. romellii се слични видови, иако и двете имаат потемни отпечатоци од спорите.[2]
Како што созреваат плодните тела, шапките стануваат вдлабнати за да соберат вода за време на влажно време, а голем дел од бојата на шапката се мие од работ.[4]
Спори
уредиОтпечатокот на спорите е белузлав, а спорите од субглобус до топчести украсени со брадавици и гребени се со димензии 7-9 x 6-7 микрометри.
Јадливост
уредиЗа Темновиолетова гулапка се вели дека оваа е најблагата од видовите Гулапка со лут вкус. Може да се јаде ако топлински се обработи, иако не се препорачува.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Phillips R (2006). Mushrooms. Pan MacMillan. стр. 22. ISBN 0-330-44237-6.
- ↑ 2,0 2,1 Laessoe T (1998). Mushrooms (flexi bound). Dorling Kindersley. ISBN 0-7513-1070-0.
- ↑ Arora D (1986). Mushrooms Demystified. Ten Speed Press. стр. 85. ISBN 0-89815-169-4.
- ↑ „Russula atropurpurea, Purple Brittlegill mushroom“. First Nature.