Микрометар

(Пренасочено од Микрометри)

Микрометар (симб.μм, μm, неофиц. микрон) — мерна единица за должина која изнесува милионити дел од метарот, илјадитина милиметар или илјада нанометри. Користејќи научна нотација микрометарот може да се претстави како 1×10−6 m, што значи 11000000 m.

Човечко влакно е дебело 100 μm.[1] Црвените крвни зрнца имаат пречник од околу 8 μm.[1]

Микрометарот се употребува за изразување на бранова должина на инфрацрвено зрачење. Називот „микрон“ со симболот μ се застарени (официјални од 1879 до 1967 г. [2]) сè уште се употребува во астрономијата и изработката на полупроводници.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди