Ташко Д. Белчев (18 март 1926 - 8 февруари 2015) — македонски славист, палеолингвист, професор и научник од областа на древната македонска цивилизација, писменост и култура. Основач е на катедрата за полски јазик и книжевност.

Ташко Белчев
Роден 18 март 1926
Пателе, Леринско, Егејска Македонија
Починал 8 февруари 2015
Скопје
Националност Македонец
Познат научник од областа на древната македонска цивилизација, писменост и култура
Занимање филолог и палеолингвист
Сопружник Махи
Татко
Родители Друме и Јана
Деца Толе и Друме

Животопис

уреди

Роден е на 18 март 1926 година во с. Пателе, Леринско. Со основно образование се стекнал во родното село, а средното образование го завршил во Битола во 1947 година. Учесник е во граѓанската војна во Грција од 1947-1949. Како ранет партизан од полската болница во Горица, Албанија, со сопругата заминува за Полска. Со високо образование се стекнал во Варшава и Вроцлав, НР Полска. Во 1960 година се враќа во Македонија. Од тогаш живее во Скопје. Во 1961 година се вработува на Филозофскиот факултет во Скопје како асистент на катедрата за славистика. Докторската дисертација ја одбранил во 1972 година во Скопје, каде што работел како вонреден професор на катедрата за славистика. Ташко Белчев е основач на катедрата за полонистика (катедра за полски јазик и книжевност).

Негови дела

уреди

Учебници

уреди

Автор е на четири универзитетски учебници:

  • „Синтакса на современиот македонски литературен јазик“, Вроцлав 1957. Скопје 1980 година, издавач Фонографика од Скопје;
  • „Преглед на полската литература“, Просветно дело, Скопје 1979,
  • „Руски јазик за студентите од Филолошкиот факултет“, Фонографика, Скопје 1984;
  • „Руски јазик за студентите од Економскиот факултет“, издание на Универзитетот „Кирил и Методиј“ 1980 година.

Тетралогии

уреди

Издава две тетралогии:

  • „Книжевни паралелии“, Студентски збор, 1982;
  • „Обид за синтеза“, Наша книга, Скопје 1989.

Дела од областа на древномакедонската писменост

уреди

Од областа на древномакедонската праисториска писменост ги издава следниве дела:

  • „Македонија четири илјадни години писменост цивилизација и култура“ книга 1, „Штрк“ 1993;
  • „Македонија четири илјади години писменост цивилизација и култура“ книга 2, „Штрк" 1996;
  • „Македонија четири илјади години писменост цивилизација и култура“, Македонија центар на венетска цивилизација на Балканот и пошироко книга 3, „Профа компани“ 1995;
  • „Македонија четири илјади години писменост цивилизација и култура - Македонија центар на современата теогонија“ книга 4, „Профа компани" 1996;
  • „Орфеј горпеј“ книга 1, „Профа компани" 1997,
  • „Орфеј горпеј“ книга 2, „Профа компани" 1998;
  • „Орфеј горпеј“ книга 3, „Профа компани" 1998;
  • „Орфеј горпеј“ книга 4, „Профа компани" 1998;
  • „Орфеј горпеј“ книга 5, приватно издание 2004
  • „Орфеј горпеј“ книга 6, приватно издание 2007
  • „Орфеј горпеј“ книга 7, приватно издание 2008
  • „Орфеј горпеј“ книга 8, приватно издание 2008
  • „Орфеј горпеј“ книга 9, приватно издание 2008
  • „Орфеј горпеј“ книга 10, приватно издание 2008
  • „Орфеј горпеј“ книга 11, приватно издание 2008
  • „Орфеј горпеј“ книга 12, приватно издание 2008.

Поезија

уреди
  • „Пориви“, Скопје 1962,
  • „Бранот на југовината“, Скопје 1963.
  • „Цар Самоил“, поема, Скопје 1963.
  • „Афродита“ поема, 2000.
  • „Спомени“, 2004.

Прозни дела

уреди

Ташко Белчев има издадено збирка раскази со наслов „Мирка“ во 1964 година, но и други прозни дела: „Маченици“, издание на БороГрафика 1999 година; „Поклонение“, од теоријата на литературата, издание 2000 година, „Ронка македонизам вон границите на Македонија“, од историјата на Вроцлавскиот кружок, издание Скопје 1985 година.

Има напишано и објавено преку стотина натписи и студии од тетралогијата Македонија девет милениуми писмена цивилизација и култура, а повеќето од нив се објавувани во списанијата и весниците: „Македонија за иселениците“, „Македонско сонце", „Ден“, „Вечер“, „Нова Македонија“, „Македонско време", „Јазикот во практика“, „Македонија" весник на нашите иселеници во Мелбурн, Австралија.

Наводи

уреди