Татиски јазик
- За другиот ирански јазик со слично име видете татски јазик.
Татискиот е ирански јазик, или група ирански дијалекти, кои се зборуваат во Иран. Јазикот е сроден со талишкиот јазик. Некои јазичари го именуваат јазикот како староазерски или староазарски бидејќи тука се зборувал јазикот пред расширувањето на турските народи низ Азија.
Татиски јазик | |
---|---|
تاتی | |
Застапен во | Иран |
Подрачје | Северозападен Иран |
Говорници | 220.000 Такестани [1] 28,100 Харзани (2000) |
Јазично семејство | индоевропско
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | Разни: tks — такестански xkc — хојниски hrz — харзандски rdb — рудбарски esh — ештехардски tov — таромски xkp — кабатејски |
| |
Особености
уредиФонетски гледано, јазикот е сличен со систе останати северозападни ирански јазици. Во јазикот има присуство на гласови *z, *s, *y-, * v-, а во јужните западноирански јазици присутни се гласовите d, h, j-, b-. Потоа, во јазикот се развил гласот /ʒ/ < * j, */t͡ʃ/ наместо z, и зачувување на интервокално поствокално *r.
Во поглед на морфологијата, татискиот е помалку аналитичен јазик за разлика од останатите јужни западноирански јазици. Во јазикот се изгубиле основите на класите и глаголот, но ги зачувал падежите (јазикот има два падежа, номинатив и објектив). Јазикот е од типот јазици со неутрален род, но се разликува родот во некои глаголи и имиња.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ такестански - Ethnologue (XVI изд, 2009)
хојниски - Ethnologue (XVI изд, 2009)
харзандски - Ethnologue (XVI изд, 2009)
Надворешни врски
уреди- Ештехардски дијалект Архивирано на 9 октомври 2007 г.
- Виндфурски
- Граматика на талишкиот јазик