Таза
Таса (берберски: ⵜⴰⵣⴰ , арап. تازة ) е град во северен Мароко кој го зафаќа коридорот помеѓу планините Риф и планините Среден Атлас, околу 120 км источно од Фес и 210 км западно од Уџда. Според пописот, населението брои 148.406 жители, и е главен град на провинцијата Таса.
Таза تازة ⵜⴰⵣⴰ | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Држава | Мароко | |||||
Регион | Фрес-Мекнес | |||||
Провинција | Таза | |||||
Надм. вис.[1] | 510 м | |||||
Население (2019)[2] | ||||||
• Вкупно | 148.406 | |||||
• Ранг | 12-ти по големина | |||||
Час. појас | CET (UTC+1.0) |
Историја
уредиИсториски, градот Таза бил познат прво како'Ribāt Taza رباط تازة' , воен камп кој припаѓал на државата Фатимид, и бил основан од локалниот гувернер Муса ибн аби Алафија موسى بن أبي العافية, кој исто така бил водач на Микнаса.[3] Барем до почетокот на 20 век, Таза бил значителен трговски центар на трасата помеѓу Фес и алжирските граници.
Градот Таза најпрво бил населен од племињата Микнаса, кои ѝ го дале името: Микнаса Таза, слично на Микнаса ал-Зејтун (денешен Мекнес, друга населба на Микнаса). Царството Алморавид ја презело Таза во 1074 година. Тие беа заменети со Алмохадската династија во 1132 година. Во 1248 година градот бил заземен од Маринидите. Иако градот Таза ја забранил трасата на Турците од Алжир во обидот да го освојат просторот што е денешен Мароко,[4] градот паднал под француска власт во 1914 година. Стариот град има берберски споменици, џамии и медреса од 14 век (коранско училиште). Населението во 1982 година изнесувало 77.216 жители.
Географија
уредиТаза се наоѓа во северо-централниот дел на Мароко, на југ од регионот Риф, надвор од планинскиот масив на тесна рамнина. Градот е составен од два порано одделни града изградени на одделни тераси со поглед на планинската котлина. Стариот град Таза се наоѓа на надморска височина од 585 метри, и е опкружен со утврдувања; поновиот град, основан од Французите во 1920 година, се наоѓа во плодна рамнина на надморска височина од 445 метри. Остатоци од фосили покажуваат дека пештерите во областа биле населени уште во Старо камено време. Една од најважните пештери во Мароко, Рар Чара, е близу до Таза. Оваа пештера е долга над 7,6 километри.[5]
Градот се наоѓа во еден планински превој познат како „Таза Гап“, каде што се спојуваат планините Риф и опсегот на Средниот Атлас. Низ овој премин последователни бранови на напаѓачи се движеле кон запад, кон крајбрежните рамнини на Атлантикот на северозападна Африка.
Клима
уредиКепеновата класификација на климата ја класифицира климата во овој град како топла летна средоземна клима (Csa).[6] Сместен покрај планините Атлас, градот Таза има сезонска клима, од ладни денови во зима до врели денови во лето. Врнежите може да достигнат до 900 mm годишно.
Климатски податоци за Таза, Мароко (1961-1990) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 14.4 (57.9) |
16.0 (60.8) |
18.1 (64.6) |
19.9 (67.8) |
24.3 (75.7) |
29.4 (84.9) |
34.9 (94.8) |
34.7 (94.5) |
30.6 (87.1) |
24.2 (75.6) |
18.5 (65.3) |
14.7 (58.5) |
23.3 (73.9) |
Сред. дневна °C (°F) | 9.9 (49.8) |
11.3 (52.3) |
13.0 (55.4) |
14.7 (58.5) |
18.4 (65.1) |
22.7 (72.9) |
27.2 (81) |
27.3 (81.1) |
24.1 (75.4) |
18.8 (65.8) |
13.8 (56.8) |
10.4 (50.7) |
17.6 (63.7) |
Прос. ниска °C (°F) | 5.4 (41.7) |
6.6 (43.9) |
7.9 (46.2) |
9.6 (49.3) |
12.4 (54.3) |
16.1 (61) |
19.6 (67.3) |
19.9 (67.8) |
17.5 (63.5) |
13.4 (56.1) |
9.1 (48.4) |
6.1 (43) |
12.0 (53.6) |
Прос. врнежи мм (ин) | 109.7 (4.319) |
137.3 (5.406) |
90.4 (3.559) |
94.2 (3.709) |
53.8 (2.118) |
18.6 (0.732) |
8.3 (0.327) |
2.6 (0.102) |
14.0 (0.551) |
48.0 (1.89) |
105.1 (4.138) |
118.7 (4.673) |
800.7 (31.524) |
Прос. бр. дождливи денови | 11.9 | 13.0 | 10.7 | 11.5 | 9.0 | 4.3 | 1.8 | 1.6 | 4.2 | 8.0 | 11.3 | 12.1 | 99.4 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 192.0 | 186.3 | 230.2 | 244.1 | 292.2 | 307.7 | 346.9 | 318.6 | 270.6 | 233.7 | 188.3 | 185.0 | 2.995,6 |
Извор бр. 1: NOAA[7] | |||||||||||||
Извор бр. 2: Climate-Data.org[6] |
Знаменитости
уредиНајпознатиот историски споменик во градот е Големата џамија на Таза, важен дел од мароканската архитектура од периодот Алмохад и Маринид.[8][9][10] Главната улица на стариот град е оживеана од житниот пазар и базарот каде се продаваат плетени работи, таписерии, накит и друга стока. Патот завршува на плоштад. Минарето на џамијата, изградено во 14 век, е пошироко на врвот отколку во неговата основа.
Улицата Баб ел-Кебур ја преминува Кисарија (покриениот пазар), а потоа води кон Пазарната џамија каде се среќава со портата Баб Џамаа, главната точка на влезот на Таза. Нешто појужно, спроти Баб ел-Рих, Портата на ветерот, бастион што датира од 16 век го затвора прстенот околу казбата. Градските sидини на Таза, подигнати во 12 век и често зголемувани во подоцнежните години, биле опремени со утврдена кула 26 метри широка во основата, од страна на саадискиот султан Ахмед ел-Мансур во 16 век. Портата со железна решетка и касематите со терасовиден покрив се јасно под влијание на европската воена архитектура.
Топологија
уредиТопологијата на областа наметнала шема на урбано ширење. Гледано од горе, градот има форма на буквата „Т“.
Во зората на независноста, градот се состоел од Медина Висока Таза, европскиот округ кој го заземал ридот наречен „Но Адрад Илуз“. Луѓето обично го изговараат Дра Луз. Оваа област станала центар на градот.
Во текот на следните години (1960-ти, 1970-ти години) се појавиле населби на средина помеѓу центарот на градот и железничката станица (Бит Гулем, Урида, Бин-Џради).
За време на 1980-ти години, се појавиле населени места на север од градот, кои денес се развиени области. Целта на ова проширување било да се отстранат сиромашните населби, што било успешно, бидејќи од 1986 година градот е град без сиромашни населби.
Во поново време, оваа област продолжува да се менува и ветува прекрасен поглед од височините на градот. Планирањето сега се прошири и на патот кон Фес на неколку километри.
Познати луѓе
уреди- Ахраф Бенчарки - марокански фудбалер
- Рахид Бен Али - мароканско-холандски сликар
- Ахмед Бузфур - марокански писател
- Мошин Лукили - мароканска писателка
- Аича Меки - марокански новинар
Поврзано
уреди- Провинција Таза
- Голема џамија во Таза
- Аеродром Таза
- Бу Хамара - претендент на почетокот на 20 век на престолот во Мароко, со седиште во Таза
Наводи
уреди- ↑ "Climatological Information for Taza, Morocco", Hong Kong Observatory, 2003, web: HKO-Taza.
- ↑ „POPULATION LÉGALE DES RÉGIONS, PROVINCES, PRÉFECTURES, MUNICIPALITÉS, ARRONDISSEMENTS ET COMMUNES DU ROYAUME D'APRÈS LES RÉSULTATS DU RGPH 2014“ (арапски и француски). High Commission for Planning, Morocco. 8 April 2015. Посетено на 29 September 2017.
- ↑ History of the Arabs and the Berbers and Their Powerful Contemporaries by Ibn khaldūd تاريخ ابن خلدون.
- ↑ „Taza | Morocco“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2017-05-05.
- ↑ Gunn, ed. by John (2003). Encyclopedia of caves and karst science. New York [u.a.]: Dearborn. стр. 26. ISBN 1579583997.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ 6,0 6,1 „Climate: Taza تازة - Climate graph, Temperature graph, Climate table“. Climate-Data.org. Посетено на 28 August 2013.
- ↑ „Taza Climate Normals 1961–1990“. National Oceanic and Atmospheric Administration. Посетено на March 16, 2015.
- ↑ Terrasse, Henri (1943). La grande mosquée de Taza. Paris: Les Éditions d'art et d'histoire.
- ↑ Bloom, Jonathan M. (2020). Architecture of the Islamic West: North Africa and the Iberian Peninsula, 700-1800. Yale University Press. стр. 121–123, 182–184. ISBN 9780300218701.
- ↑ Marçais, Georges (1954). L'architecture musulmane d'Occident. Paris: Arts et métiers graphiques. стр. 201, 271.
Надворешни врски
уреди- Таза онлајн Архивирано на 5 декември 2020 г. на француски јазик
- Национален парк де Тазека на француски јазик