Мазендерански јазик

(Пренасочено од Табариски јазик)

Мазендеранскиот (مازِرونی) или табарски (تبری) е ирански јазик од групата на индоирански јазици од јазичното семејство на индоевропски јазици. Јазикот воглавно се зборува во Иран, во покраините Мазендеран, Гилан и Голестан. Генетски гледано, јазикот е сроден со гилачкиот јазик, а поодалечен од персискиот јазик.[1][2]

Мазендерански јазик
Mazänderuni مازرونی
Tabäri تبری
Застапен воИран
Подрачјејужен брег на Касписко Езеро
Говорници(3.3 милиони во 1993 г.)
Јазично семејство
Дијалекти
мазендерански
шахмирзадски
горгански †
Писмоперсиско писмо
Статус
Регулативен органФакултет за лингвистика при Баболскиот Универзитет
Јазични кодови
ISO 639-3или:
mzn — мазендерански
srz — шахмирзадски
{{{mapalt}}}
Регионот каде се зборува мазендеранскиот јазик.

Потекло на поимот

уреди

„Мазендеран“ потекнува од името на историскиот регион Мазендеран. Народот често го именува јазикот како „гилечки“. Името „табарски“ е името на стариот јазик кој се зборувал во регионот.

Писмо

уреди

Јазикот целосно се запишува со персиско писмо.

Граматика

уреди

Мазендеранскиот нема родови и е инфлективен јазик.[3] Општо гледиште е дека редоследот на зборовите во реченицата се подмет-прирок-предмет.

Наводи

уреди
  1. Coon, "Iran:Demography and Ethnography" in Encyclopedia of Islam, Volume IV, E.J. Brill, pp. 10,8. Excerpt: "The Lurs speak an aberrant form of Archaic Persian" See maps also on page 10 for distribution of Persian languages and dialect
  2. Kathryn M. Coughlin, "Muslim cultures today: a reference guide," Greenwood Publishing Group, 2006. p. 89: "...Iranians speak Persian or a Persian dialect such as Gilaki or Mazandarani"
  3. Fakhr-Rohani, Muhammad-Reza. 2004. She means only her 'husband': politeness strategies amongst Mazanderani-speaking rural women. (Conference abstract) CLPG Conference, University of Helsinki, Finland, PDF Архивирано на 1 февруари 2012 г.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди