Сѐ за љубов
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Сѐ за љубов (португалски: Por Amor) е бразилска теленовела. Оваа новела е напишана од бразилскиот писател Маноел Карлос, додека пак е режирана од Роберто Наар. Интернационалната верзија на новелата имаше 130 епизоди, додека националната, емитуваната во Бразил достигна до 191 епизода. Првата епизода на серијата била гледана од 48% од населението, додека крајот на серијата го гледале 49% од населението.
Сѐ за љубов | |
---|---|
Жанр | драма теленовела |
Создадена од | Маноел Карлос |
Улоги | Рехина Дуарте Антонио Фагундес Сузана Виеира Габриела Дуарте |
Воведна тема | Falando de Amor, Quarteto em cy |
Земја на потекло | Бразил |
Првичен јазик | португалски |
Бр. на епизоди | 130 (интернационален пазар) 190 (национален пазар) |
Производство | |
Извршен продуцент(и) | Роберто Наар |
Времетраење | 45 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Реде Глобо |
Првично прикажување | 13 октомври 1997 – 23 мај 1998 |
Хронологија | |
Следбеник | Вавилонска кула (1998) |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | redeglobo6.globo.com/Poramor/0,19125,1913,00.html |
Комплетна содржина
уредиОваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Приказната започнува во Венеција. Малку пред свадбата пристигнуваат Едуарда со мајка си Елена. Елена решава пред свадбата да и ја покаже преубавата Венеција, а исто така и за последен пат да поминат еден ваков одмор заедно. Елена е дизајнер, независна жена, чувствителна и љубовна. Таа едноставно не е премногу предана мајка, а исто така е и најблиската пријателка на ќерка си, Едуарда. Едуарда е нежна и не многу возбудлива девојка, која се подготвува да се омажи за Марсело, саканиот син на богати родители, од кои ќе ја наследи моќната компанија. Едуарда е многу нервозна и постојано му се јавува на Марсело од Италија на големо незадоволство на својата свекрва Бранка. Бранка од своја страна смета, дека нејзиниот син ја прави најголемата грешка во својот живот избирајќи сопруга од пониската класа. Шетајќи се низ Италија, мајката и ќерката се запознаваат со вдовецот Атилио. Впрочем, Елена и Атилио за момент почувствуваат привлекување помеѓу двајцата. Но светот е многу мал – Атилио работи како архитект во компанијата на таткото на Марсело. Тој е голем љубител на патешевствија и смета да го заземе Источниот експрес, за да ја покрие и Европа. Елена го испраќа него откако си заминува од Италија, но се разбира за нив приказната не завршила. За тоа време, во Бразилија, Марсело е преследен од неговата бивша девојка Лаура, која не сака да се справи со фактот од загубата на својот драг и не запира со ништо без да го врати. Таа е со Марсело во колата, кога од Венеција му се јавува Едуарда. Лаура ја зема слушалката, знаејќи многу добро дека тоа е Едуарда. Марсело се обидува да и го земе телефонот но паѓаат во бездна. Катастрофата е сериозна и двајцата ги носат во болница. Марсело е во многу сериозна состојба, а Лаура, независно од тоа што има сериозни рани, таа нема опасност за живот. Семејствата и на двајцата многу преживуваат. Родителите на Марсело решаваат да не и кажат ништо за случката на Едуарда. Доаѓа време да се открие вистината за семејството на Марсело. Главата на семејството, Арналдо, е голем љубител на жените и на пиењето. Бранка, неговата сопруга е ужасна егоистка, која не се заинтересирува од никого, особено за своите деца, со исклучок на Марсело, нејзиниот љубимец. Таа не ги нагледува нејзините други деца, вториот син Леонардо и ќерка си Милена, кои постојано ги понижува. Леонардо е едноставно забележителен човек, добар, нежен и чесен. Меѓу другото, тој е и тајно вљубен во Лаура. А Милена е бивш модел и се обидува да го најде своето место во животот. Откако се браќа од Италија, Едуарда дознава за сите ситуации и прави скандал и побеснува откако дознава дека за време на случката, Марсело бил заедно со Лаура. Таа раскинува со Марсело, иако тој сè уште не знае за тоа. Милена го среќава по патот, убавиот пилот Нандо и наскоро после тоа, таа се вљубува во него. Тие започнуваат да се гледат. Повторно се покажува дека светот е мал, и се укажува дека Нандо е син на Лидија, сопругата на Орестес, таткото на Едуарда. Едуарда всушност не е во никаква блискост со татка си и го избегнува, дури и не разговара со него. Бедниот Орестес страда од зависност кон алкохолот и не може да се најди никаков начин на работа. Бранка одамна е вљубена Атилио. Таа многу го сака Марсело, бидејќи мисли, дека тој е син на Атилио. Веднаш откако дознава дека тој се гледа со Елена, Бранка добива нов непријател број еден. Откако Атилио е опколен од жени, на пример, директорката на компанијата Изабел, па дури и најдобрата пријателка на Елена, Флавија. Љубовта помеѓу Елена и Атилио оди кон подобра насока па затоа тие наскоро решаваат да се венчат. Во тоа време, Марсело успева да ја премисли Едуарда, и тие се венчаваат. Одат да живеат во домот на Бранка. Но не е се помеѓу нив толку добро. Од една страна, Бранка дејствува толку итро, бидејќи таа сака да му го наруши бракот. Од другата страна е Лаура, која решава да се здружи со Лео, за да ја постигне целта си и да е поблиску до својот брат. Меѓувремено, Едуарда и Марсело се обидуваат да имаат дете. И успеваат, но Едуарда го губи детето. Наскоро повторно забременува, по иронија на судбината, заедно со својата мајка. Во породилното тие лежат заедно. Имено таму се случува нов пресврт во серијата: Елена раѓа здраво дете, а раѓањето на Едуарда минува толку тешко и на лекарите им е полесно да го не го раѓаат детето. Но тоа не е се – детето на Едуарда умира истата ноќ. Кога дознава за тоа, Сезар, кој одамна е заљубен во Едуарда, ѝ раскажува се на Елена. Елена откако дознава дека ќерка и не може повеќе да има деца, решава да се пожртвува себеси и да ги размени децата. Таа му вели на Атилио дека детето починало. Несреќниот татко многу тешко ја преживува оваа вистина и тој не може да поверува дека неговиот сон веднаш се растурил. Елена многу внимателно ја крие својата тајна и ја споделува само со својот дневник. Но Атилио започнува да претчувствува дека таа нешто крие од него. Тој се обидува да ѝ каже за што станува збор. Но среќата е многу чувствително нешто. Лаура сепак успева да го заведе Марсело и Едуарда откако дознава за тоа, го напушта и му забранува да го гледа својот син. Во тој момент започнува вистински кошмар: тие започнуваат да се гледат секогаш и насекаде. Тоа е заслуга на Лаура и Бранка. Лаура со огромна радост дознава дека е бремена и радоста е уште поголема, бидејќи чека близнаци. Таа и соопштува на Едуарда, а подоцна се фали со својата вест насекаде. Несреќниот Лео на крај се сретнува со својата среќа – волшебната Катарина, ќерка на сосетката на Елена. А односно врската на Нандо и Милена – Бранка добива голема подлост: со помошта на човек, изнајмен од својата пријателка, таа поставува во чантата на Нандо наркотици и него го апсат. Но за среќа, родителите на Лаура се многу добри луѓе, и им помагаат на Лео и Милена да го откријат човекот кој вметнал нарткотици во чантата, па така дознаваат дека Нандо е невин. Родителите на Лаура паѓаат во шок кога дознаваат кој го направил тоа. На крај на краиштата, Лео со Катерина и Милена со Нандо прават двојна свадба. Во меѓувреме, Марсело дознава дека не може да живее без Едуарда и прави се за да може да биде со неа. Едуарда му простува и дури му дозволува да ги посетува новородените деца на Лаура (момчето и девојчето). Понатаму, Бранка му кажува на Арналдо, дека Марсело е син на Атилио. Марсело, кој го слуша сето тоа, и прави скандал на мајка си, и после тоа им раскажува се на своите брат и сестра. Тие решаваат да направат ДНК тест. Анализата покажува друго: Марсело и Милена се деца на Арналдо, а Лео е син на Атилио. Бранка паѓа во хистерија, и не може дека поверува дека нејзиното сакано дете не е од нејзиниот сакан маж. Атилио од своја страна е среќен, бидејќи тој отсекогаш чувствувал приврзаност кон Лео. За тајната на Елена дознаваат сè повеќе и повеќе луѓе: прво сестра и Виржинија, после тоа Орестес кој случајно налетал на дневниот и родителите на Сезар. Сите и велат на Елена и сметаат дека таа треба да му ја каже вистината на Атилио и Едуарда, а исто така, и дека детето треба да живее со своите родители. Но Елена настојува на своето... сè додека Едуарда случајно не открива што има во чантата на Елена, т.е дневникот. Невозможно е да се опише што станува со Едуарда, кога дознава се. Таа не може да и прости на својата мајка, исто како што и Атилио. Најпрвен сите се оддалечуваат од неа, но постепено решаваат да и дадат уште една шанса. Едуарда и Марсело одат на одмор во Ангра заедно со близнаците. Лаура се нервира кога дознава дека близнаците се кај нив, и се качува во авионот кој го пилотира Нандо и заминуваат за Ангра. Но по патот, авионот доживува несреќа, и паѓа во водата. Спасувачите успеваат да го извадат Нандо жив, но Лаура не ја пронаоѓаат. Марсело и Едуардо ги задржуваат децата при себе и дури решаваат да посвојат уште.
Улоги
уредиГлумци | Ликови |
---|---|
Рехина Дуарте | Елена Вијана |
Антонио Фагундес | Атилио Новели |
Габриела Дуарте | Марија Едуарда Вијана Греко де Барос Мота |
Фабио Асункао | Марсело де Барос Мота |
Сузана Виеира | Бранка Летисија де Барос Мота |
Вивиан Пасмантер | Лаура Сабоја Трајано |
Каролина Фераз | Милена де Барос Мота |
Едуардо Московис | Фернандо Гонзага (Нандо) |
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 10 август 2004 г.
- Меморија да Глобо Архивирано на 8 февруари 2012 г.