Сулско Море
море во Тихиот Океан
(Пренасочено од Сулуско Море)
Сулско Море (тагалски: Dagat Sulu, малајски: Laut Sulu) — едно од неколкуте плитки топли мориња околу Борнео, сите рабни на Тихиот Океан. На север е поврзано со Јужнокинеското Море преку неколку премини од двете страни на островот Палаван, кој е дел од Филипините. На југоисток Сулското Море е порабено со архипелагот Сулу кој опфаќа над 4.000 мали корални острови. Бисерите често се ловат од куќите на штули кои се изградени на врвовите на гребените.

![]() | Оваа статија за место на Филипините е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
![]() | Оваа статија место во Малезија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |