Подмет
(Пренасочено од Субјект (граматика))
Примери |
---|
|
Подмет[1][2], субјект[3][4] или вршител на дејството — еден од двата главни елементи на една дел-реченица. Подметот го врши дејството на реченицата, кое се изразува со прирокот. Подметот има граматичка функција и преку прирокот тој се поврзува со останатите елементи во реченицата, како што се предметот, прилогот и сл.
Форми на подметот
уредиПодметот е именска фраза во реченицата и може да се искаже со една од следните форми:
- чиста именска фраза, која нема членови, показни зборови, прилози и слично.
- Мачка јаде глушец.
- именска фраза со членови, показни зборови, прилози или слично зборовни групи.
- Големиот автомобил не се продава.
- глаголска именка.
- Јадењето е потребно за живите суштества.
- реченици кои почнуваат со да-конструкција (македонски) или со инфинитив. Ова може да функционира како вметната дел-реченица, и може на пример да вклучи прашално зборче.
- Да читаш е полесно отколку да пишуваш.
- Кого да вработиш е тешко прашање.
- целосна дел-реченица започната со службениот збор „дека“.
- Дека тој патувал низ светот е добро познат факт.
- директен цитат.
- Те сакам е често користена реченица деновиве.
- подметот во некои реченици може да се подразбере. Такви реченици се безличните реченици или заповедниот начин.
- Фрли го ѓубрето!
- синтаксен експлетив. Ова се појавува кај јазици кои мора да имаат подмет (како англискиот на пример). Така на пример, во англискиот може да се употреби it или there како подмет и тогаш не се означува никакво лице.
- It rains. ([тоа] Врне.)
- катафорни зборови.
- Тоа беше познато за сите дека тој патувал низ светот.
Наводи
уреди- Everaert, M.; van Riemsdijk, H.; Goedemans, R. (eds) 2006. The Blackwell companion to syntax, Volumes I–V, Blackwell, London.
- Hale, K.; Keyser, J. (2002). "Prolegomena to a theory of argument structure", Linguistic Inquiry Monograph, 39, MIT Press, Cambridge, Massachusetts.
- Halliday, M.A.K & Matthiessen, Christian M. I. M (2004). Subject, actor, theme in An introduction to functional grammar. Hodder Arnold, London, England.
- Huddleston, R.; Pullum, K. (2005). A student's introduction to English grammar. Cambridge University Press.
- Moro, A. (1997). The raising of predicates: predicative noun phrases and the theory of clause structure, Cambridge Studies in Linguistics, Cambridge University Press, Cambridge, England.
- Wlodarczyk André & Hélène (2006) “Subject in the Meta-informative Centering Theory” in Études cognitives / Studia kognitywne 7, SOW, PAN, Warsaw.[http://www.celta.paris-sorbonne.fr/anasem/asmic-papers/AS_&_MIC_publications.html]
- Wlodarczyk André & Hélène (2008) “Roles, Anchors and Other Things we Talk About : Associative Semantics and Meta-Informative Centering Theory”, ed. Istvan Kecskes, Series: "Mouton Series in Pragmatics", Intercultural Pragmatics, Vol. 5. No. 3., Berlin/New York.
Поврзано
уредиОваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |