Струфоли
Струфоли, исто така се познати како медени топки е неаполско јадење кое е направено од пржени топчиња од слатко тесто. Тестото се користи и во многу италијански слатки јадења како што е и chiacchiere. За струфолите, тестото се обликува во топчиња со големината на џамлиите. Крцкави однадвор и лесни одвнатре, струфолите се мешаат и со мед и други слатки состојки и се формирааат во могили или прстени. Постојат и многу различни начини да ги ароматизирате, но традиционалниот начин е да ги измешате во мед со диавулили, цимет и парчиња кора од портокал. Именувањето варира со зависност од регионот: во Калабрија тие се познати и како скалили, а во Abruzzo cicerchiata.
Историја
уредиСлично јадење опишал и Аркестрат, грчки поет од Гела на Сицилија . Го нарекол енкрис — топче за тесто кое е пржено во маслиново масло, кое го детализира во неговата Гастрономија дело кое сега е изгубено, но делумно зачувано во Деипнософистите на Атенеј, каде што го споменува енкрисот тринаесет пати, во различни флексибилни форми.[1]
Името струфоли потекнува од грчкиот збор strongoulos, кој значи заоблени.