Строимир
Строимир (српски: Стројимир; грчки: Στροἠμιρ, Στροἠμηρος) бил совладетел на Српското кнежевство заедно со неговите браќа Мутимир и Гојник, од околу 851 до судирот со најстариот брат Мутимир, при кој тој и Гојник биле симнати од власт.
Строимир | |
---|---|
Кнез (архон) на Србите / Србија | |
Печатот на Строимир | |
Кнез на Србија (совладетел) | |
На престол | 851–880ти |
Претходник | Властимир |
Наследник | Мутимир |
Починал(а) | помеѓу 880 и 896 |
Деца | Клонимир |
Династија | Властимировиќ |
Татко | Властимир |
Вероисповед | Православие |
Строимир бил помладиот син на Властимир, кој владеел ок. 836–851. Строимир, заедно со неговите браќа Гојник и Мутимир, ја поразиле бугарската војска испратена од Борис I, и предводена од неговиот син Владимир, кој, заедно со 12 болјари биле заробени од српската војска. Последователно бил договорен мир и двајцата синови на Мутимир; Прибислав и Стефан ги испратиле заробениците до границата кај Рас. Таму, Борис богато ги дарувал, а Мутимир му подарил 2 робови, 2 соколи, две кучиња, и 80 крзна.[1]
По борбата за превласт помеѓу помладите браќа и Мутимир, Строимир и Гојник биле заробени и испратени како заробеници кај бугарскиот кан Борис I во 855–856, како знак за мир, двајцата ги изгубиле титулите и биле држени во Плиска, бугарската престолнина. Строимир бил добро третиран од страна на Бугарите, а кан Борис лично му избрал жена на неговиот син, Клонимир.
Печатот на Строимир
уредиНа 11 јули 2006 српската влада на аукција во Минхен купила печат во византиски стил излиен во злато, кој најверојатно му припаѓал на Строимир (таткото на Клонимир). Се претпоставува дека бил изработен надвор од Византија, и има грчки натпис (KE BOIΘ CTPOHMIP, "Боже помогни му на Строимир") и има патријаршиски крст во средината. Најверојатно датира од втората половина на 9ти век,помеѓу 855/56 и 896, кога Клонимир се обидел да го преземе српскиот престол.[2][3]
Наводи
уреди- ↑ Moravcsik 1967, стр. 155.
- ↑ Živković 2007, стр. 23–29.
- ↑ „Пројекат Растко: Tibor Živković : The Golden Seal of Stroimir“.
Извори
уреди- Moravcsik, Gyula, уред. (1967) [1949]. Constantine Porphyrogenitus: De Administrando Imperio (2nd revised. изд.). Washington D.C.: Dumbarton Oaks Center for Byzantine Studies. ISBN 9780884020219.
- Ćirković, Sima (2004). The Serbs. Malden: Blackwell Publishing. ISBN 9781405142915.
- Curta, Florin (2006). Southeastern Europe in the Middle Ages, 500–1250. Cambridge: Cambridge University Press.
- Ferjančić, B. (1997). „Василије I и обнова византијске власти у IX веку“. Zbornik radova Vizantološkog instituta (36): 9–30.
- Fine, John Van Antwerp Jr. (1991) [1983]. The Early Medieval Balkans: A Critical Survey from the Sixth to the Late Twelfth Century. Ann Arbor, Michigan: University of Michigan Press. ISBN 0472081497.
- Ostrogorsky, George (1956). History of the Byzantine State. Oxford: Basil Blackwell.
- Petrović, R. (2007). „Zlatni pečatni privezak kneževića Strojimira“. Naučni projekt Filozofskog fakulteta u K. Mitrovici. 1.
- Runciman, Steven (1930). A History of the First Bulgarian Empire. London: G. Bell & Sons. ISBN 9780598749222.
- Vlasto, Alexis P. (1970). The Entry of the Slavs into Christendom: An Introduction to the Medieval History of the Slavs. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 9780521074599.
- Живковић, Тибор (2006). Портрети српских владара: IX-XII век (Portraits of Serbian Rulers: IX-XII Century). Београд: Завод за уџбенике и наставна средства. ISBN 9788617137548.
- Živković, Tibor (2007). „The Golden Seal of Stroimir“ (PDF). Historical Review. Belgrade: The Institute for History. 55: 23–29.
Надворешни врски
уреди- Steven Runciman, A History of the First Bulgarian Empire, London 1930.
- „Pečat srpskog kneza Strojimira“. Архивирано од изворникот на 2012-01-19. Посетено на 2023-07-09.
Строимир Роден(а): 830ти Починал(а): 880-896
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Властимир |
Кнез на Србија 851-880s Заедно со: Мутимир и Гојник |
Наследник Мутимир како единствен владетел |