Стрелцов (филм)
„Стрелцов“ е руски биографски спортски и драмски филм во режија на Иља Учител. Филмот ја раскажува приказната за судбината на легендарниот советски фудбалер Едуард Стрелцов и неговиот пат од звездената кариера до затворот. Улогата на Стрелцов ја игра глумецот Александар Петров[1][2][3][4][5] .
„Стрелцов (филм)“ |
---|
Премиерата на филмот била закажана за 16 април 2020 година, но подоцна била одложена поради пандемијата на коронавирус.[6] Премиерата на филмот била на 24 септември 2020 година[7] .
Заплет
уредиЕдуард Стрелцов, млад и перспективен фудбалер, играл во фудбалскиот тим „Фрејзер“. На патот кон пријателската игра со московскиот торпедо, Стрелцов свратил до базенот, каде што во бифето работела неговата пријателка Марина , за да ја повика да дојде на мечот . Но, Марина не можела да замине затоа што тројца посетители одбивале да платат. Стрелцов се обложува со посетителите: тие да платат ако ја погоди топката илјада пати. Стрелцов ја добил опкладата, но доцнел на почетокот на мечот, а Фрејзер примиле три гола без него. Стрелцов му помогнал на тимот да надомести,и натпреварот завршил нерешено. Тренерот на Торпедо, Виктор Маслов и напаѓачот на Торпедо, Артјомов, тогаш го забележале Стрелцов како фудбалер.
Кога дошол дома, Стрелцов и кажал на својата мајка дека е поканет во „Торпедо“ и потсмешно изјавил дека не гори од голема желба,да замине бидејќи тука имал девојка и тука неговите пријатели. Неговата мајка се скарала со него, но Стрелцов бил всушност среќен што му се овозможила шанса да ја започне својата професионална фудбалска кариера.
Истовремено со доаѓањето во тимот на Стрелцов, се појавил и нов вработен во администрацијата на Торпедо : со идеолошкиот оддел раководел официјално Јуриј Дмитриевич Посников. На еден од состаноците на Посников му привлекло внимание фактот дека Стрелцов не ја поддржувал јавната осуда за пијаниот голман и не гласал за негово исфрлање од тимот.
Заменувајќи го Артјомов на двобојот со Торпедо против Спартак Москва, Стрелцов го постигнал решавачкиот гол. Артјомов, една ноќ, го зел Стрелцов: го опил и му ја демолирал хотелската соба. Но, тимот се заложил за Стрелцов пред Маслов, и тој го избркал Артјомов од тимот.
Стрелцов станал клучен играч во Торпедо . Постигнувајќи слава и успех, тој водел немирен начин на живот со Марина и неговите пријатели од детството. Ова не му се допаѓало на Посников и го спречил Стрелцов да влезе во репрезентацијата на СССР. Посников ја ноосел својата вработена Ала на еден од тренинзите во Торпедо за да го подготви Стрелцов за влез во Комсомол . Меѓусебна симпатија се развила помеѓу Стрелцов и Ала, но Стрелцов не успеал да го положи испитот за влез во Комсомол од прв пат.
На натпреварот помеѓу Москва „Торпедо“ и „Динамо“, Стрелцов повторно се сретнал со својот стар непријател Артјомов. Подлегнувајќи на провокацијата, Стрелцов сериозно го повредил Артјомов. Посников го поставил прашањето за протерување на Стрелцов од „ Торпедо “, но Маслов ја презел целата вина врз себе и самиот си дал оставка. Како благодарност до тренерот, Стрелцов сериозно се подготвувал за преиспитувањето, и се приклучува на Комсомол по вториот обид и влегува во репрезентацијата на СССР.
Во полуфиналето на Олимписките игри во Мелбурн 1956 година, СССР се среќава со Бугарија. На втората станица Бугарите го постигнуваат првиот гол, но благодарение на Стрелцов, СССР извојувала силна победа и на крајот ја добиваат Олимпијадата. Враќајќи се дома, Стрелцов организирал романтична вечера за Ала веднаш на фудбалскиот терен и ја запросил. Наскоро за ова дознал и Посников, кој исто така бил заинтересиран за Ала.
Една година подоцна, репрезентацијата на СССР заминала во Лајпциг на натпреварите од квалификациската фаза за СП 1958 година. Стрелцов задоцнил на возот затоа што се успал и се обидувал да го стигне возот со автомобил. Министерот на железницата наредил да се запре експрес возот во Можајск, но Стрелцов доцнел и таму (или возот не застанал, спротивно на наредбата). Потоа, Стрелцов се обратил кон еден возач на камион за помош. Тој не му верувал на фудбалерот сè додека Стрелцов, како доказ, не го шутнал кочанот од главата зелка и зелката одлетала во пространството. Возачот го стигнал возот, а Стрелцов скокнал од автомобилот во задниот дел,на вагонот од возот кој бил во движење.
Со Стрелцов, репрезентацијата на СССР за прв пат во историјата се пласирала на Светското првенство. Стрелцов бил лично награден со Орден на значката на честа . Означувајќи го својот излез од групата, Стрелцов се скарал со Посников заради Ала и го удрил во лицето пред очите на еден од британски новинар.
Ден пред итното заминување на тимот на тренинг кампот на Стрелцов тој се регистрира и заминува со Ала, а Марина доаѓа кај Посников и се жали дека неговиот вработен и го украл нејзиното момче. Посников и Марина прават предавнички план против Стрелцов.
Една ноќ, Васија, стар пријател на Стрелцов, дошол во базата на репрезентацијата на СССР. Тој го поканил на дача некаде во близина: да го прослави својот брак и сакал да се збогува со пријателите од неговата младост. Таму Марина го опива Стрелцов, и го носи во нејзината соба и викала низ прозорецот дека ја силуваат. Помошниците на Посников, кои специјално дошле таму и чекале во автомобилот со Посников, отрчале кон крикот.
Посников го убедувал Хрушчов дека на земјата не ѝ треба таков фудбалер. Покрај тоа, новинарот во еден англиски весник ја опишал тепачката што ја видел. Брежњев се обидувал да интервенира, но Хрушчов го прочитал написот во весникот и му поверувал на Посников. Стрелцов е осуден на 12 години затвор. Ала, поверувала дека нејзиниот сопруг е виновен и се развела од него. Подоцна таа дознала дека е бремена со Стрелцов. Посников дошол кај Ала во болницата и ја запросил , но таа го одбила.
Пет години подоцна, Хрушчов поднел оставка, а Стрелцов е ослободен. Маслов го посетувал во затворот. Повторно започнал да работи со Стрелцов: тој му помогнал да си ја врати формата,и да се врати во Торпедо и во репрезентацијата на СССР, во чиј стручен штаб сега е и Артјомов. Поранешните непријатели се помириле.
Стрелцов ја запознал својата ќерка Мила, но не и ја кажал вистината. Ала, која не му простила на својот поранешен сопруг, јасно му ставила шдо знаење дека не сака да го види. Потоа, Стрелцов отишол кај Марина и ја замолил да и ја каже вистината на Ала. Марина се согласила, бидејќи всушност не посакувала да му наштети на Стрелцов - Посников пред пет години ја убедувал Марина дека Стрелцов ќе биде ослободен од обвинението.
На пријателски натпревар помеѓу репрезентациите на СССР и Бразил, на кој ќе дојде Пеле . Стрелцов бил најавен за тој натпревар, бидејќи Хрушчов бил заменет од Брежњев, лојален на Стрелцов, како генерален секретар на Централниот комитет на ССПС. Целиот стадион со нетрпение го очекувал враќањето на играчот на теренот, но непосредно за време на презентацијата на тимовите, Посников влегува во соблекувалната и вели дека тој лично поднел петиција за отстранување на Стрелцов од игра. Судијата можел само да се покори, а Стрелцов бил заменет со Банишевски . Оваа одлука предизвикала немири кај навивачите: тие го скандирале името на Стрелцов и запалиле весници. Почетокот на натпреварот бил одложен поради немирите на трибините. Играта била загрозена, но повикот на Брежњев ставил сè на свое место.
Посников бил сменет од функцијата, а Стрелцов влегол на теренот. Ги гледал Ала и Мила на трибините, и се сретнал со Пеле. Натпреварот започнал,а со првиот удар на Стрелцов на топката завршува и филмот.
Наводи
уреди- ↑ Александр Петров сыграет Эдуарда Стрельцова: фоторепортаж со съемок фильма // МК
- ↑ «Стрельцов» — это мотор
- ↑ Александр Петров не жалеет себя ради роли Стрельцова
- ↑ Актер Александр Петров рассказал о съемках в фильме «Стрельцов»
- ↑ Футболист Мостовой примет участие в создании фильма про Стрельцова
- ↑ „Выход в прокат фильма "Стрельцов" Учителя-младшего перенесли из-за коронавируса“. ТАСС. Посетено на 2020-06-21.
- ↑ „Премьера трейлера фильма "Стрельцов"“ (руски). russia.tv. Архивирано од изворникот на 2020-01-02. Посетено на 2020-01-01.
Надворешни врски
уреди- „Стрелцов“: премиера на новиот филмски трејлер // Вести.ру, 13 декември 2019 година