Стреланите од Горно Врбени
Стреланите од Горно Врбени ― масакр извршен врз македонски борци (девојки) по потекло од селото Горно Врбени (Екши Су). Овие четири селанки од Горно Врбени, биле стрелани од страна на грчката полиција, во 1947 година.[1]
Хронологија на настаните
уредиВо 1947 година четворица селани од Горно Врбени (Екши Су, Екшисово) биле брутално убиени – трите сестри Аспасија, Веса и Ники Стрешови и Матка Попова.[1]
Аспасија е родена во 1908 година, а Веса во 1912 година и потекнувале од сиромашно семејството. Откако го завршиле основното образование тие се вклучиле во животната борба. Двете работеле како шивачки ѝ Аспасија била позната во целиот Суровички регион. Тие имале помлада сестра Ники, која е родена во 1917. Ники, со помош на нејзините две сестри, успеала да заврши факултет во Лерин за да стане учителка.[1]
Од млада возраст, сите три сестри имале длабоки симпатии кон КПГ и му помогнале на демократското движење. Во 1943 година трите сестри ѝ Матка станале членови на КПГ и активно се бореле против нацистичките окупатори на нивната земја. Аспасија во 1944 година била избрана за член на Суровичкиот регионален комитет и храбро работела на организирање на жените во ослободителната борба. Таа силно се борела за братското единство на Грците и Македонците.[1]
По Варкиза, четирите жени продолжиле да се борат за демократските права. Нивната активност била забележана од грчките власти, тие биле уапсени и однесени во полициската станица во Суровичево. Таму биле подложени на деноноќна брутална тортура, но не направиле никаква отстапка. Најмногу била мачена Аспасија. Шефот на полицијата Бабурис, кога видел дека е подготвена да умре без да се предаде, истиот и го пресекол грлото. Другите две сестри, Веса и Ники, заедно со Матка Попова биле пренесени во полицискиот затвор Горно Врбени каде што биле дополнително мачени.[1]
Кога полицијата увидела дека ништо нема да излезе од устите на овие три хероини, смислиле уште побрутални мачења. Ги одвлекле жените во дворот на Матка Попова, собрале многу луѓе од маалото на Матка и пред очите на четирите деца на Матка – на возраст од 8 до 16 години, како и мајката на Веса и Ники. Тие запалиле оган во дворот и со загреани пегли ги боцкале жените. Ниту овие средновековни начични на тортура не биле доволни да ги натераат жените да попуштат. Тие умреле како вистински хероини за народот.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Повеќе автори - Г. Пилаев (2009). For Sacred National Freedom (PDF). Австралија: Pollitecon Publications. стр. 119–120. ISBN 978-0-9804763-3-0. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-12-29. Посетено на 2023-09-22.