Масакр во Горно Врбени
Масакр во Горно Врбени ― масакр извршен врз единаесет македонски борци од селото Горно Врбени (Екши Су). Биле стрелани од страна на грчката полиција, во 1947 година.[1]
Хронологија на настаните
уредиПо Договорот во Варкиза грчките монархофашистички сили, почнале со прогон на македонскиот народ. Илјадници Македонци биле апсени и протерани на островите, логорите и затворите. Стотици биле осудени на смрт и стрелани. Вакви настани се случувале низ сите краишта на Македонија: Леринско, Костурско, Воденско, Ениџе-вардарско, Гуменичко и др.[1]
Во 1947 година повеќе од 20 луѓе биле уапсени во еден ден - мажи и жени од селото Горно Врбени. Во полициските ќелии на Соровичко истата година веќе била заклана Аспасија Стрешова, додека во Горно Врбени биле живи запалени нејзините две сестри – Веса и Ники, како и Матка Попова.[1]
Други 11-мина биле однесени во Леринскиот затвор. Таму останале подолг период, а подоцна, по воен судски процес, биле осудени до смрт. Во ноември, 1947 година, биле стрелани следните патриоти:[1]
- Трифун Аџикирев
- Фроса Аџикирева
- Михаил Васов
- Анастас Велашков
- Михаил Димулков
- Марика Дурданова
- Стефо Масев
- Ташо Масев (син на Стефо)
- Васил Робев
- Пандо Романов
- Стојан Трајков
Секој од нив додека биле во полициските ќелии, затворите, пред воените судови и пред да бидат погубени, не дале никаква информација. Карактеристични за групата биле двете 20-годишни ЕПОН-членки Фроса Аџикирева и Марика Дурданова. Цело време додека биле во затвор, иако знаеле дека ќе бидат убиени, не се плашеле. Пееле револуционерни песни и им давале храброст на своите соборци-затвореници. На 20 ноември 1947 година биле известени дека треба да бидат погубени, па станале многу рано, се облекле, си ги исчешлале косите и зачекореле со своите кренати глави кон нивните џелати. Додека оделе заедно низ леринските улици, тие пееле партизански и револуционерни песни и извикувале пароли: „Да живеат партизаните, КПГ, Слободата!“[1]
Многумина Леринчани, изненадени од револуционерните песни, излегле на улица и биле импресионирани од храброста и самопожртвуваноста на младите хероини. Никој од нив не прифатил да му бидат преврзани очите во моментот на нивното стрелање.[1]
Поврзување
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Повеќе автори - М.Аџикирев (2009). For Sacred National Freedom (PDF). Австралија: Pollitecon Publications. стр. 120–121. ISBN 978-0-9804763-3-0.[мртва врска]