Европска страчка
Европска страчка | |
---|---|
ⓘ | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Врани |
Род: | Страчки |
Вид: | Европска страчка |
Научен назив | |
Pica pica Linnaeus, (1758) |
Европска страчка (науч. Pica pica) — вид птица од семејството врани со долга, сјајна зеленкаста опашка и сјајни силни крилја.
Особености
уредиЕвропската страчка живее во мали јата, со тоа што на преноќувалиштата и на зимските одморалишта можат да се соберат повеќе од 100 птици. Во поголеми групи се здружуваат и на пролет, во текот на додворувањето. Мажјаците им се додворуваат на женките така што ги креваат и спуштаат пердувите на главата и брзо ја шират и собираат опашката. Притоа и се огласуваат на посебен начин. Големите гнезда ги градат високо на дрвјата, тие се со куполеста форма, и се изградени од гранчиња. Во април женките во гнездата снесуваат 5-10 мали јајца.
Се хранат претежно со животинска храна - јајца, мали птици, цицачи и бубачки, но јадат и семки од растенија.
Главно не избегнуваат населени подрачја и често доаѓаат во близина на луѓе. Мошне се интелегентни и познато е дека крадат сјајни предмети. Од забава, во пар задеваат домашни миленичиња, особено мачки, но и луѓе во паркови и на голф-турнири.[1]
Страчка во сликарството
уредиНаводи
уреди- ↑ Животинско Царство. стр. 50-100