Стојче Балканскимакедонски поет и романописец.

Животопис уреди

Стојче Балкански е роден во Струмица на 15 април 1945 година[1]. Завршил Филолошки факултет. Вработен во Собранието на Струмица. Член на ДПМ од 1994 година. Автор е на книгите: Бранување на крвта (поезија, 1973), Исповед на крвта (поезија, 1982), Крвави камбани (поезија, 1984), Безмежен сон (поезија, 1992), Дослед и непокор (поезија, 1992), Проколната долина (роман, 1992), Жаровни бездни (поезија, 1994), Расплакана долина (поезија, 1995), Бессонија и лузни (поезија, 1996), Лузнево доба (роман, 1996).[2]

Наводи уреди

  1. „Почина поетот Стојче Балкански“. Архивирано од изворникот на 2022-01-18. Посетено на 2022-01-18.
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија,2004, стр. 36.