Стојан Димитров
Стојан Димитров Стоев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.
Стојан Димитров | ||
Роден | Извор, Гуменџиско, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1925 Софија, Бугарија |
Животопис
уредиДимитров е роден во селото Извор, Гуменџиско, тогаш во Османлиското Царство. Се придружува на МРО и е комита 7 години кај Апостол Петков и Лазар Делев.[1][2] Учествува во Балканските војни како доброволец во Македонско-одринските доброволни чети, во зборната партизанска чета на МОО.[3]
По војните се сели во Бугарија. Починува во Софија во 1925 г.
Наводи
уреди- ↑ Бѣлевъ, Георги Ив. „Изъ живота на четитѣ (продължение отъ книга 6 (36))“ (PDF). Илюстрация Илиндень. Издание на Илинденската Организация. IV (7 (37): 7.
- ↑ „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 134, ISBN 954-9514-56-0
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 227. ISBN 954-9800-52-0.