Лазар Делев, познат како Оревски, — македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација.

Лазар Делев
Роден 1875
Ореовица, Гевгелиско, Егејска Македонија
Починал 1938
Софија, Бугарија
Лазар Делев во комитска носија

Животопис уреди

 
Четата на Стефан Николов, Иванчо Карасулијата и Лазар Делев, меѓу четниците е и Михаил Ставрев - Хаљо.

Делев е роден во 1875 година во сиромашно семејство во бојмишкото село Ореовица, тогаш во Османлиското Царство, денес Певкодасос, Грција. Се нааселил во Солун и станува работник при железничкото депо на железничката станица. Станува член на ВМОРО, исполнува терористички и курирски задачи [1].

Во мај 1898 година е уапсен по убиството на водачот на гркоманската партија во Гевгелија, Христо Цицов во кое Делев нема учество. Лежи во Гевгелискiot затвор до ноември, по што е затворен во Еди куле во Солун до 10 август 1899 година, кога судот го прогласиl за невин и покрај притисокот на Солунскиот грчки конзул и солунската митрополија за осудување [2].

По неговото ослободување влегува во четата на локалниот војвода Иванчо Карасулијата и зема учество во Илинденското востание, се бори во Горноџумајско заедно со Илија Балтов и Христо Саракинов [3].

Од 1905 година е самостоен гевгелиски војвода и заедно со Аргир Манасиев ги одбил нападите на грчката вооружена пропаганда. Негов четник е Дељо Василев.

Во Првата балканска војна станува војвода на партизанската чета № 44 при Македонско-одринското ополчение, со 25 души. Напредува по долината на реката Струма со четите на Дончо Златков, Никола Герасимов и Тане Николов. Зема учество во борбите кај Осеново, Сенокос и други, а подоцна е во Здружентаа партизанска чета на МОО.

Лазар Делев умира во 1938 година, Софија [4].

Извори уреди

  1. „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 55
  2. „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 59
  3. Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 354.
  4. Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 259.