Сточлен ромски оркестар
Сточлен ромски оркестар — ромски симфониски оркестар од Унгарија.[1] Основан е во 1985 година, по собирот на унгарските ромски музичари на погребот на Шандор Јарок, познат ромски солист.[2] Облечени во традиционални носии со многу живи бои, свират без ноти, со брзи промени во ритамот, хармонијата и стилот.[3]
Свиреле со светски великани во различни жанрови, од Јехуди Менухин до Софија Лорен, Ванеса Меј, Клаудија Шифер. Покрај традиционалните унгарски чардаши, романската чучулига, руските и шпанските ромски мелодии, свират и дела од Брамс, Лист, Штраус, Бизе, Офенбах, Сарасате, Динику, Монти и други великани на класичната музика.[4]
Состав
уредиОркестарот е составен од 100 изведувачи со следните инструменти:
- 60 виолини
- 9 виоли
- 6 виолончела
- 10 контрабаса
- 9 кларинети
- 6 цимбали [5]
Наводи
уреди- ↑ „100 VIOLINA Koncertni spektakl u Subotici“. Blic.rs (српски).
- ↑ „A 100 Tagú Cigányzenekar története“. 100 Tagú Cigányzenekar.
- ↑ „Gala koncert Mađarskog ciganskog orkestra „Sto violina" | (Vesti - 17. 12. 2016) Subotica.com“. SUBOTICA.com (српски).
- ↑ Serbia, RTS, Radio televizija Srbije, Radio Television of. „Сто виолина“. www.rts.rs.
- ↑ „100 CIGANSKIH VIOLINA – Sava Centar“. 13 октомври 2012.